На прво место

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

РАЗМИСЛУВАЊА ЗА 21 ГОДИНА

На 25 мај 1996 година првпат во мојот живот слетав во Скопје. Има толку многу за што да се размислува во двете децении плус една година, но едното нешто на кое сакам да се фокусирам е најсмртоносното за иднината на Македонија – најголемата промена на која бев сведок во 21 година е следнава: имаше с` побрз напад на македонската култура, а под „култура“ тука земам страница од „Kултурата е важна“, издадена од покојниот Семјуел Хантингтон, кој ја дефинира културата со субјективни термини, вклучително и „вредности, ставови, верувања, ориентации и фундаментални претпоставки што распространети меѓу луѓето во општеството“

На 25 мај 1996 година првпат во мојот живот слетав во Скопје. Пред тој ден, одредено време во текот на претходните четири години минав во другите земји на Балканот, но ова ми беше првпат во Македонија и слетав по бизнис патување во Хрватска на тридневна посета за да видам дали можам да живеам тука за тримесечна хонорарна работа со „Мрси корпс“, хуманитарна организација базирана во Портланд, Орегон. Kон средината на јули се вратив за таа хонорарна работа и трите месеци се претворија во една година, која се претвори во седум години, кои сега се претворија во 21 година. И време е да се размисли.

Има толку многу за што да се размислува во двете децении плус една година, но едното нешто на кое сакам да се фокусирам е најсмртоносното за иднината на Македонија – најголемата промена на која бев сведок во 21 година е следнава: имаше се побрз напад на македонската култура, а под „култура“ тука земам страница од „Kултурата е важна“, издадена од покојниот Семјуел Хантингтон, кој ја дефинира културата со субјективни термини, вклучително и „вредности, ставови, верувања, ориентации и фундаментални претпоставки кои распространети меѓу луѓето во општеството.“ Одамна научив дека с` потекнува од културата на општеството, вклучително и економијата и политиката. И иако културата се менува со текот на времето, таа промена треба да биде многу бавна и направена со голема внимателност, дебата и согласност од мнозинството од општеството. Но, брзината со која социјалните инженери на прогресивната левица (како домашни, така и меѓународни) работеа да ја променат македонската култура, беше толку брза што одзема здив. Објаснето на друг начин, истиот тој напад над американската култура започна во 1960, но во изминатите осум години добива неверојатна брзина (а кој беше претседател во изминатите осум години?).

Овој напад над културата и традицијата почнува (во Америка, Македонија, Унгарија, Полска итн.) со фамилијата и сака да ја промени самата природа на фамилијата. Во Македонија ова добива поголема димензија: преку поткопување на фамилијата, прогресивната левица се надева дека ќе го поткопа името и идентитетот на Македонија. А не ли е фамилијата онаа која го продолжува непрекинатото пренесување на тоа име и идентитет? Предавана од една генерација на следната, македонската култура, име и идентитет продолжува во вечност. Додека не престане затоа што нема кој да ја продолжи. Оттаму произлегува дека напад на основниот градежен блок на некое општество, фамилијата, е напад над македонското име и идентитет. Ирскиот автор Ос Гинис пишува вака „…мора да продолжиме да ја кажуваме приказната, не смееме никогаш да заборавиме и мораме да изградиме наши фамилијарни спомени и наши национални спомени бидејќи споменот е клучот… Со уништувањето на фамилијата преку катастрофата на таквата смислена културна промена, културната трансмисија и традиција исто така ќе бидат губитници.“

Војната со македонската култура, име и идентитет не е ништо помалку од обид за преправање на општеството во сликата на прогресивната и секуларна левица. Тоа е здружен обид за потценување и уништување на основното ткиво на Македонија и Македонија да се претвори во … ништо. Ништо уникатно и ништо специјално. Без уникатно име. Без уникатна култура. Без уникатен идентитет. Без минато. Без иднина. Преку напаѓање на методите на културна трансмисија, ги пресекувате корените; како што напиша Александар Солженицин „За да уништиш народ, мора првин да ги прекинеш нивните корени.“ Или како што Милан Kундера, во неговата книга „Kнигата на смеата и заборавањето“ напиша „Првиот чекор во ликвидирањето на народ е да се избрише неговата меморија. Да се уништат неговите книги, неговата култура, неговата историја…. Брзо нацијата ќе започне да заборава што е и што била.“

Многу од нашите пријатели од прогресивната левица кои ја бараат оваа промена се навистина искрени – тие веруваат дека политиките и ставовите што ги поддржуваат, ако бидат имплементирани, би им помогнале на фамилиите и општеството. Но, тие искрено грешат во нивните верувања и не го знаат тоа. Џорџ Орвел напиша: „Голем дел од левичарската мисла е еден вид играње со оган од страна на луѓе што дури и не знаат дека огнот е жежок.“ Преголем дел од нашите пријатели од прогресивната левица немаат идеја што бранат, а сепак тоа што тие го бранат на крајот ќе ја уништи не само земјата која тврдат дека ја сакаат (Америка, Македонија или друга), туку тоа што тие го бранат на крајот ќе ги уништи и нив.

Во земјите од Југоисточна Европа сум веќе четвртина век, во Македонија 21, а утре ќе ја почнам 22. Голем дел од мојот живот го инвестирав во Македонија и имам намера да го инвестирам остатокот од мојот живот, колку што време ќе ми даде Бог, во Македонија. Се надевам ова ќе биде добра вест за моите пријатели и најверојатно ќе биде лоша вест за оние кои ме мразат. Планетата се менува уште повеќе и брзо на две спротивни страни, една на страна на вистината, а другата на страна на лагите; една страна во корист на традицијата, фамилијата и националната држава и една страна во корист на секуларна, прогресивна современост по секоја цена и без мисли дали е правилно или погрешно, а истовремено против фамилијата и националната држава. Овие конфликти ќе потраат за сите нации и народи, вклучително и за Македонија за блиската иднина. Патот напред за Македонија ќе биде тежок и ќе има тешки судири напред во таа иднина ако сакаме да го спасиме македонскиот народ, име, идентитет и култура. Јас планирам да бидам комплетно вклучен во овие битки. Затоа што Македонија вреди.

Пишува: Џејсон Мико за Дневник
(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и Југоисточна Европа)

Превземено од: Журнал.нет

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top