На прво место

МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАЛА ПРЕСПА…

pustec-1

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

04 јуни 2017 година, Пустец, Мала Преспа, Албанија

 – Ако сакате да тихувате и да го почувствувате мирисот на природата, дојдете во Мала Преспа и ослободете се од стресот на урбаното живеење и на современата цивилизација.

pustec-1

Во Мала Преспа срцата на сите Македонци во деветте села – Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско и Церје – чукаат за Македонија!

Посетете ја пештерската црква “Пресвета Богородица“ со фреска на Александар Македонски, со македонските симболи лавот, сонцето, двоглавиот орел и вечноста и манастирот “Света Марена“ кај Туминец…

pustec-2

Видете ја најголемата фреска од педесет метри на Пресвета Богородица Туминечка која природата ја вцртала на карпите до пештерската црква а се гледа само од кајче во езерото…

pustec-3

Понесете фотографија од најубавата црква во Албанија – Македонската православна црква “Свети Архангел Михаил“ во Пустец…

Посетете го островот Мал Град каде ќе се восхитувате на прекрасната македонска црква “Света Богородица“…

Уживајте на најубавата плажа на Преспанското езеро кај Зрноско…

pustec-5

Вкусете го традиционалното јадење преспански крап во тава или на скара, за чие густирање доаѓаат од цела Албанија…

Пробајте органска ракија и вино од грозјето талијанка…

Напијте се чист планински чај и заблажете се со еколошки здрав мед…

Дишете чист воздух со кој Мала Преспа изобилува…  

pustec-4

Крстарејте со кајче по езерото, чувствувајќи го движењето на ветрот под крилјата на пеликаните кои над вас надлетуваат…

Овде, во Мала Преспа, како и во цела Албанија, Македонците се гостопримливи, искрени, трудољубиви, почитувани и домаќини…

Ќе најдете убави ресторани, чисти хотели за 10 евра спиење и доручек…

Што и да ви кажеме, посетете ја Мала Преспа и одморете се…

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top