На прво место

ШТО И ЗГРЕШИВМЕ НА ГЕРМАНИЈА?

Angela-Merkel

Angela-Merkel

Една идеја што за прв пат беше претставена токму во “Македонска нација” пред неколку месеци, се чини сосема извесно дека е прифатена од званичен Берлин и ќе биде реализирана во претдстојните неколку години.

Имено, станува збор за предлогот: Сојузна Република Германија да формира своевиден проект, т.е. фонд за помош на западниот Балкан со формирање на мини верзија на “Маршаловиот план” со којшто по завршувањето на II  Светска војна, според планот на американскиот генерал Маршал, САД финансиски ја помогна обновата на Германија и уште неколку земји од хитлеровската оска.

Како благодарност кон канцеларката Меркел, доколку идејата биде прифатена, ние предложивме фондот симболично да го носи нејзиното име, т.е. “Меркелов план”.

Според пишувањето на белградскиот дневен весник “Вечерње новости”, Германија веќе имала подготвено мини Маршалов план за Балканот со цел во годините што претстојат да се раздвижат економиите во регионот. Весникот, при тоа, се повикуива на “сигурни дипломатски извори!”

Плaнот на званичен Берлин, наводно, бил наскоро да го стави oвој проект на маса на Европскиот совет во Брисел за одобрување, но и за определување на износот на средства за таа намена. Мини Маршаловиот план, или како што го нарекуваат во Берлин “Балкан плус” прилив на средства очекува од Европската економска зона што ја сочинуваат Европска Унија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Европската асоцијација за слободна трговија ЕФТА, каде припаѓа и Швајцарија.

Приоритет на програмата на проектот “Берлин плус” се предвидува да биде сообраќајно поврзување на Србија со БиХ , како и Србија, преку Приштина (Косово), Тирана (Aлбанија).

Ваквиот концепт, како и самиот Берлински процес, од којшто произлезе и идејата за процесот “Берлин плус”, има една многу сериозна фалинка, а тоа е сознанието дека ни во првиот ни во дополнителниот проект никаде ја нема Македонија. Или поточно речено, не е присутна Македонија. Додуша, мораме да имаме малку резерва кога донесуваме ваква забелешка, бидејки сепак немаме увид во целиот текст на концептот “Берлин плус”, но ако по утрото се познава денот, тогаш излгеда не треба многу да се надеваме на финансиска помош од двата проекта, или пак евентуално само на трошки.

Неспорно е дека Германија е водечка земја и во “Берлинскиот процес” и во “Берлин плус”, па следствено се наметнува заклучокот дека не нема, или сме наргинализирани и во двата проекта, за што сепак “најзаслужна” е токму Германија. 

А да ги праша човек Германците: Зошто? Што ви згрешивме? Од каде и на што се должи ваков непријателски однос од ваша страна кон нас Македонците, не сум сигурен дека ке можат да понудат некој логичен и аргументиран одговор. И дополнително прашање: како го замислувате напредокот на целиот имагинарен регион на западниот Балкан игнорирајки ја Македонија??? Не ја познавате доволно географијата на регионот, или што е проблемот?

Па тоа ни Хитлер не го правеше! Напротив! Нему многу му беше присутна во свеста Македонија, па дури се обиде 1944 година и да направи независна македонска држава на чело со Иван Михајлов, а по примерот на ЕнДеХа на Анте Павелиќ, а кога ги караше своите генерали за неуспесите на фронтовите, им врескаше:”Не сакам македонски работи” (мацедонише цуштенде)! 

Не сакаме да веруваме дека целта на владата во Берлин со бруталното игнорирање на Македонија како меѓународно призната држава и со некритична подршка на вештачки создадени државни творби на Балканот и со некритичка помош на мафијашки и криминогени режими во регионот, сака токму да создаде “Мацедонише цуштенде”.

Чунки антимакедонската хистерија денес актуелна во Берлин сепак ќе еволуира во промена на германскиот став кон Македонија, пред се и над се не само заради нас, туку и заради целиот регион којшто – цитирајки ги изјавите од дипломатските извори за процесот:”Берлин плус” на Германија “многу и значел”!?

Ѓорѓи Поповски

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top