На прво место

КОНЕЧНО: НЕ ВО ЕУ, НЕ ВО НАТО! ЗА СПАС НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Од почетокот…

Сите политички партии се за пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и со НАТО. Не постои ниту една политичка партија во Македонија која е против членство во ЕУ и НАТО.

Но, Македонците мора да знаат дека, за членство на Македонија во ЕУ и НАТО потребна е задолжителна промена на името на државата, поради барањето на Владата во Атина, која има вето на одлуките во овие сојузи на држави!

Зошто Атина бара промена на името на државата Македонија? Затоа што во основата на хеленизмот како идеологија на Атина е антимакедонизмот и заради самоволно присвоеното ексклузивно право на Атина како еден и единствен правен наследник на името, културата и историјата на Македонија.

И покрај се’ и после се’, Македонците не забораваат дека Атина за првпат во историјата ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година!

Во Балканските војни 1912-1913 година земјите учеснички – Бугарија, Грција и Србија, вршат окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ, кој се’ уште трае. Иако Бугарија и Грција се членки на ЕУ и НАТО, нивните влади не го признаваат постоењето на Македонците како посебен народ.

А, во основата на прашањето за името на државата Македонија е окупацијата врз територијата и геноцидот врз Македонскиот народ. За окупацијата и за геноцидот, ниту една влада на Македонија досега, јавно пред меѓународната заедница не изустила ниту еден збор за тоа.

Исто така, не смее да се заборави, дека по меѓународно право, промената на името на државата по автоматизам значи промена на идентитетот на нацијата – името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик.

“поранешна Југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име на државата Македонија, туку времено обраќање само во системот на Обединетите Нации и само додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија меѓу владите во Скопје и Атина.

Со Резолуцијата 817 (1993) од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации, Македонија не прифатила обврска за промена на државното име, туку само да разговара за разликата по своето државно име со Владата на јужниот сосед во Атина!

Со Македонско-грчката времена согласност од 13 септември 1995 година, државата Македонија ниту го прифатила временото обраќање во Обединетите Нации за ново меѓународно име, ниту прифатила членство во меѓународни организации под тоа име. Времената согласност НЕ претставува обврска Македонија да пристапува во меѓународни организации под име различно од нејзиното државно кое истовремено претставува и меѓународно име, затоа што Македонија нема име за внатрешна и име за надворешна (меѓународна) употреба, ниту име за дома и за светот, туку едно и единствено за сите, за секаде и во секое време – Македонија erga omnes!

Во членот 11 од македонско-грчката Времена согласност, единствено е утврдено дека Грција се согласила “да не се противи на пристапување или полноправно зачленување на Македонија во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции на кои Грција веќе е член“, освен во случај на различно ословување од временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“ нотирано во Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Демагогијата е кога не манипулираат дека “Македонија нема да го смени Уставот со цел промена на државното име, туку ќе договори ново меѓународно име како замена на временото обраќање во Обединетите Нации“. Тоа е перфиден обид за трајна промена на државното име Македонија, затоа што името не служи за дома, туку претставува легитимација пред светот, насекаде, пред секого и во секое време!

Оттука, неосновано е преферирањето за пристапување на државата Македонија во сојуз со НАТО и почеток на преговорите со Европската унија под временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“, бидејќи ниту Европската Унија ниту НАТО се дел од системот на Обединетите Нации, а должни се да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот суд во Хаг!

Македонците отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО, бидејќи антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на историјата на Македонскиот народ се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Имајќи ги предвид импликациите од промена на државното име Македонија по нејзиниот територијален интегритет и суверенитет и по мирот и стабилноста во регионот, во согласност со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година од Македонија против Грција за прекршување на членот 11 од македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, Македонците во светот бараат итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации со резолуција на есенското Генерално Собрание на Обединетите Нации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик “Republika Makedonija“, туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки: окупација врз Македонија во Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој трае до денес.

Со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година, утврдено е дека Македонија има право да го користи своето име во сите меѓународни организации, дека тоа Грција го знаела и дека со македонско-грчката Времена согласност Грција има само право да протестира доколку не примат или ни се обраќаат под државното име Македонија и ништо повеќе од тоа!

ЕУ и НАТО не се достојни за пристапување на Македонија во овие сојузи на држави!

НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО! ДА за суверена и самостојна држава Македонија, која врз принципите на меѓународното право на еднаква сувереност, ќе соработува со сите по прашањата од заеднички интерес, со взаемно почитување и немешање во внатрешните работи, на реципроцитетна основа!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top