На прво место

ВЕЛИКИОТ ЦАР АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ (22 јули 356 г.п.н.е. – 10 јуни 323 г.п.н.е.)

ВЕЛИКИОТ ЦАР АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ (22 јули 356 г.п.н.е. – 10 јуни 323 г.п.н.е. )

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

10 јуни 2017 година, Пела, Македонија

– На 22 јули 356 година пред новата ера, пред 2.373 години, во македонската древна престолнина Пела, се роди Великиот Македонски Император Александар Трети Македонски, син на Великиот Цар Филип Втори Македонски и на царицата Олимпија, ученик на Аристотел Македонецот.

Со неговите 33 години живот остави длабоки траги во историјата на човековата цивилизација. Македонската цивилизација која ја градеше стана основа на Нова Европа и на современиот културен глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам на британскиот империјализам кој заради профитната логика на мултинационалните корпорации помесните етноси, јазици, религии и култури ги интегрира со асмилијација до физичка ликвидација од земјината топка.

Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години помина 18.000 километри, создаде Империја каква што до ден денешен не постоела во пространство, ниту пред него, ниту по него.

Великиот Цар Александар Трети Македонски, Крал на Македонија и Хегемон на Елините, Крал на Вавилон и Фараон на Египет, Цар на Персија и Крал на Ариевците, е најголемиот император во светската историја!

Тој е единствениот војсководец на сите времиња, кој своите војски – непобедливите фаланги, ги подигна во невиден воено-научен истражувачки поход. Иако сакал да го открие почетокот на раѓањето на сонцето, а со тоа и почетокот на светот, секаде каде што поминал истражувал, проучувал, градел и носел напредок. На моменти со сила, на моменти со сесрдно прифаќање од оние кои сакале и успеале да погледнат подалеку во иднината.

Великиот Цар Александар Трети Македонски најмногу од се’ сакал да се одликува со севкупното знаење, а не со власта која му припаѓала. Со себе го донел најголемиот процут на науката, просветата, културата и слободоумна мисла. Иако неговиот живот траел околу 33 години, а неговото владеење помалку од 14 години, оставил огромно наследство во целиот прогресивен свет, заради што многу други светски императори го имитирале. Неговите воени стратегии и потфати и денес се темел на изучување на светската воена доктрина, неговите истражувања во сите науки се база на научната мисла воопшто, неговото сфаќање за духовната сила и моќта на самосвесноста на секој човек се основа за сите денешни религии, а најмногу од се’, неговиот поглед на микро и макро космосот е фундаментот на човечки подадената рака кон секој кој ја сака и почитува планетата Земја.

Следбеник на Херакле и Ахил во силата и храброста, поклоник на Зевс и Амон во верата и љубовта, жртвеник на Ад и Селена во издржливоста и истрајноста, веселник на Дионис и Баху во хармонијата на звукот, поет на Хомер во топлината на зборот, тој бил и ќе остане симбол на човековата возвишена светост.

Тој го отвори патот на новата цивилизација и од потопот остави само бледо сеќавање за она што значи неукост и дивјаштво, за да го одбележи почетокот на новото раѓање, на новиот милениум. Именуван да биде бранител на човековиот род пред нескротливата природа, до денес остана неповторлив патоказ за сите, свртени кон сонцето и храбри како лав, кои најмногу од се’ ја почитуваат вистината.

Умре на 10 спроти 11 јуни 323 година пред новата ера, во Вавилон. Неговата гробница остана енигма до денес, повод е на бројни преданија и локации. Македонците веруваат дека Царот над царевите е погребан во границите на Републиката, како и неговиот татко Великиот Цар Филип Втори Македонски. Божја волја е кога некрополите ќе бидат обелоденети и отворени, светот да ја виде вистината за Македонија и за Македонците!

Сеќавањето за времето на владеењето на Филип II Македонски (359-336) и Александар Трети Македонски (336-323), е навраќање кон македонските корени, на државноста, на културата и историјата на Македонија која има континуитет во време и простор од пред новата ера до денес.

И како што македонските јагули, илјадници години, по мрестењето во Саргасовото море се враќаат во нивниот и наш Охрид, во Македонија, водени од природниот инстинкт и генетски код, така и ние денес се присетуваме на Великиот Цар Александар Трети Македонски, се враќаме во нашата древност, како дел од нашето постоење и иднина.

2340 години од смртта на Великиот Цар Александар Трети македонски не се мала историја, а се само дел од Македонија. Од раѓањето на Македонскиот Император, најславниот војсководец во историјата на човековата цивилизација кој го облагороди светот, а на човекот му го всади духот на македонската култура!

И ние денес, чекорејќи во 2017 година од новата ера, како верници, како поклоници на верата во сонцето, во светлината, во Богот на Сонцето Ра, ритуално, ги прозиваме духовите на македонските цареви и кралеви, да ја благословат, облагородат и вознесат Македонија од исконот до бескрајот!

Вечна му слава на Великиот Цар Александар Трети Македонски, кој духовно не’ обединува, каде и да сме.

Поменот за Великиот Цар Александар Трети Македонски е порив за одбрана на името на Македонската држава и идентитетот на Македонската нација, на достоинството на Македонците!

Македонија е цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, Македонија е цивилизација на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата. Македонија е цивилизација на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитната логика на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, македонските одамна го совладаа универзумот, затоа што сме цивилизација на сонцето, шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, македонското, секаде каде што не’ има и сме!

И затоа, секогаш кога ќе погледнете во центарот на плоштадот Македонија, во метрополата на државата Македонија, споменикот на Великиот Цар Александар Трети Македонски, отспротива Вардар на татко му Великиот Цар Филип Втори и на мајка му Царицата Олимпија, нека ве потсети дека оваа држава се вика Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонскиот! Дека сме горди Македонци и достојно ќе го одбраниме името на татковината – Македонија и идентитетот на нацијата – Македонска!

Вечна му слава и памјат на Великиот Цар над Царевите Александар Трети Македонски, Бог да ги благослови Македонија и Македонците! Амин!

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top