На прво место

АТИНА ДОЛЖИ ИЗВИНУВАЊЕ И РЕПАРАЦИИ ЗА НАСИЛНО ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ОКУПИРАНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

egzodus

egzodus

Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците со исламска религија, Светскиот Македонски Младински Конгрес и Светскиот Македонски Конгрес, по повод светскиот Ден на бегалците, од Владата во Атина повторно бараат укинување на дискриминаторските грчки закони од 1982 и 1985 година со коишто се забранува враќање назад во своите домови и враќање на одземениот имот на насилно прогонетите Македонци од окупираниот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, освен за “Грците по род“.

Протестираме за геноцидната политика на Атина кон насилно прогонетите Македонци од окупираниот дел на Македонија од Балканските војни до денес.

И натаму бараме права и слободи за Македонците во земјите каде што живееме, бараме право на собир, здружување, образование, информирање и вероисповед на мајчин македонски јазик во Грција, Бугарија, Србија и Албанија, бараме извинување и репарации за окупацијата и геноцидот, бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци од Балканските војни до денес, бараме слобода во движењето, влез во Грција за посета на домовите, роднините и семејните гробници, бараме итен и безусловен крај на разговорите за промена на државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија! Го реафирмираме неотуѓивото право на самоидентификација и самоопределување на Македонскиот народ!

И покрај сите историски хипотеки, подаваме рака за историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција. За окупацијата и геноцидот простуваме, ама не забораваме, било да не се повтори!

Бараме во Обединетите Нации повторно да се отвори прашањето за насилно прогонетите Македонци од Балканските војни и Граѓанската војна во Грција со Резолуција за враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на Генералното Собрание. Атина мора да ги исполни обврските од Букурешкиот договор за Македонците во Грција, затоа што Македонците во Грција не се странци, а со победата над фашизмот во Втората Светска Војна, Македонците, заедно со Грците се вградија во темелите на државноста на Грција, и бараат тоа што им припаѓа: слободи, права и правда, бараат културна автономија!

Бараме продолжување со работа на Координативното тело за егејското прашање при Министерството за надворешни работи на Македонија и државна помош во враќањето на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top