На прво место

Зборови на хартија, делата во реалноста

rubinco

Во Градот под Марковите кули со огномет беше најавено доаѓањето на т.н, реформска влада на чело со СДСМ и актуелниот премиер, аболицираната личност Зоран Заев, алијас Бошко Буха.

Во оваа прилика се прашувам зошто толку помпезно и еуфорично се прослави стапувањето на должност на новата владина гарнитура во Република Македонија?

Како прилепчанец сакам да ги потсетам плавите момчиња дека во 25 години плурална Македонија, прилепскиот социјалдемократски кадар извојува само една победа и тоа во 2001 година на локалните избори и на фамозниот 15 септември 2002 година каде за време на изборната кампања за тогашните редовни парламентарни избори, тогашниот Претседател на СДСМ, а сега актуелен пензионер Бранко Црвенковски најавуваше големи реформи на екокомски план и следствено на тоа вработување на барем еден член од секое семејство.

Во тоа време татко на Градот Херој Прилеп беше кабинетскиот Градоначалник, суетната личност, психијатарот Сашко Пирганоски. За време на неговиот мандат немаше ниту една инвестиција во поголемиот број на Урбаните заедници во Градот Херој Прилеп. Нарцисоидната личност Сашко Пирганоски заедно со тогашниот раководител на одделението за патишта Сашко Дамески асфалтираа мал број на улици, а некои беа асфалтирани само еднаш а книговодствено се водеа дека се асфалтирани по два и повеќе пати. Резултат на таквото недомаќинско работење е трансферот на големиот стручен кадар Сашко Дамески каде по промената на власта во Градот под Марковите кули а пак благодарение на социјал демократскиот градоначалник во тоа време во Општина Кривогаштани се вработи во локалната самоуправа на таа општина. Место во Општина Кривогаштани обезбеди и Благоја Гешоски некогашниот продавач и дегустатор на кафе во неговата фирма ггВерба”, некогашен пратеник и некогашен лустратор ЈКП кои беа под капата на Локалната самоуправа – Прилеп беа во вистинска смисла на зборот финансиски колабирани.

Иронијата да биде уште поголема и Локалната самоуправа беше во финансиска була.

Во прашање беше доведено и повлекувањето на финансиските средства од КФБ банката за ЈКП “ВиК“каде истите требаше наменски да бидат реализирани за реконструкција на атмосферската и канализациона мрежа во Градот под Марковите кули. Резултат на тоа е вгнездувањето на тогашниот директор на ЈКП “ВиК“,Марјан Ѓорѓиоски, исто така, како голем стручен кадар во прилепскиот монопол.

Во оваа прилика само да потсетам дека ова водоводно претпријатие беше со напластени долгови и заостанување на личните доходи на вработените.

Во останатите ЈКП и тоа ЈКП Комуналец и ЈКП Пазари и тогашното одделение за патишта беа исто така, во многу лоша финансиска состојба.

Со доаѓањето на власт (2005 година) на новата гарнитура на чело со ВМРО ДПМНЕ и ревносниот градоначалник Марјан Ристески кој го одработува успешно сводот трет едно по друго градоначалнички мандат, Градот Херој Прилеп во вистинска смисла на зборот доживеа инфраструктурна ренесанса.

Напластените финансиски проблеми во Локалната самоуправа и ЈКП кои се под капата на локалната самоуправа за многу краток временски период финансиски застанаа на здрави нозе.

Во Градот Херој Прилеп во целост се асфалтираа сите улици во сите Урбани заедници во градот. Исто така, во секоја Урбана заедница се работи катадневно на парковско и хортикултурно уредување.

Бо Градот се отворија 5 слободни економски зони и една. ТИРЗ во близина на селото Алинци. Со работа започна американската компанија за автомобилски делови Гентерм. Во индустриската зона Прилеп 1 распродадени се сите локации а со несмален интензитет се подготвуваат Индустриските зони Прилеп2 и Прилеп 3.

По долги години на чекање во градот се пушти во употреба Градскиот превоз. Се гради фабрика за рециклиран отпад. Изграден е современ Царински Терминал.

Во употреба е пуштена Градската капела. Изградена е прекрасна Црква Св. Петка во Населбата Точила и 3 параклиси во три Урбани заедници. За верниците со муслиманска вероисловед во населбата Тризла е изградена и следствено на тоа пуштена во употреба џамија.

Изградени и во употреба се 2 катни гаражи. Реконструиран е Градскиот пазар а на местото на некогашниот млечен пазар ќе се изгради нов деловен објект.

Целосно се реконструирани Градската општа болница Борка Талески, Здравствениот дом и итната медицинска помош. Целосна реконструкцида е извешена на сите основни и средни училишта во градот и населените места.

Се изградија спортски сали и тенески терени. Со донација од ФФМ и УЕФА ќе се изврши целосна реконструкција на далеку познатиот Градски стадион Гоце Делчев. Се уреди Могилата на непобедените каде се изгради и фудбалски стадион. Во близина на некогашната зоолошка градина се изгради фудбалски терен со вештачка трева.

Исто така, во тек е изградба на нова пречистителна станица.

Изградени се 4- кружни текови во градот.

Вработените од Локалната самоуправа и канцеларијата на таткото на градот се сместени во прекрасен нов импозантен објект од океански тип. Исто така и бработените од ЈКП ”ВиК“ се сместени во нова прекрасна зграда каде се сместени сите служби на претпријатието.

Со влез на реномираниот Тутунски Бренд “Филип Морис”, прилепскиот монопол почна да работи рентабилно.

Ова се само дел од завршените проекти на актуелната владејачка гарнитура на Прилеп на чело со ревносниот Градоначалник Марјан Ристески.

Со превземените и реализирани обврски Прилеп високо котира како град во земјата на Балканот и во поширокото Европско семејство.

rubinco
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top