На прво место

Александар Македонски и гимнософистите

Thalestris Queen of the Amazons visits Alexander

Thalestris Queen of the Amazons visits Alexander

Онесикрит (360 г.пр.е – 290 г.пр.н.е) бил антички историчар и писател, ученик на Диоген. Тој го прател Александар Македонски во походот на Индија, прво како кормилар во неговата морнарица, а потоа учествувал во експедицијата на адмиралот Неарх. Набргу по смртта на Алесандар Македонски, како и другите офицери, напишал историја за Александар.

Во своето сега изгубено дело, Онесикрит го слави Александар како човек кој ја ширел културата и ја прикажува неговата филозофска природа. Тој на своето дело му дава педагошко-политички карактер, за што како пример му служи Ксенофонтовото дело Кировото воспитување.  

Неговото дело бо кое за првпат се споменува и островот Шри Ланка (Цејлон) било сродно со Калистеновото, а различно од делата на Птоломеј и Аристобул. Онесикрит во своето дело многу простор му посветил на фантастично – авантуристичките епизоди, како што е на пример посетата на Амазонките. Во тие детали спаѓаат и заинтересираноста на Александар за браманската филозофија, како неговата посета за време на походот во Индија на браманите, кои биле познати како гимнософисти.

Приказната за овој настан, за спорот со гимнософистите, индиските мудреци (познати како голи мудреци) подоцна била пренесена од многу антички писатели, а различните верзии за животот на Александар ја направиле многу популарна, за да конечно воопшто во античката литература се појави и како самостоен мотив на филозофско-аскетскиот живот на гимнософистите.

Плутарх од Хиронеја (околу 45/46 г. – 120/125 г.) е старогрчки филозоф, есеист и биограф, кој добил римско граѓанско право. Автор на околу 200 дела, а светска слава стекнал со „Споредбените биографии“ во кои ги опишува животите на 50 антички државници и војсководци меѓу кои и на Александар Македонски. Некои од наинтересните „животи“, како на пример на Херакле и Филип II Македонски не се сочувани.

Како што објаснува во првиот пасус од „Живот на Александар Македонски“, кој е еден од пет сочуваните терцијални извори за македонскиот крал, Плутарх не го занима пишувањето на историја, туку животопис и влијанието на карактерот (добар или лош) на судбината на познатите луѓе. Ова дело содржи анегдоти и описи на настани кои никаде на друго место не се јавуваат. Меѓудругото, Плутарх во 64 и 65 пасус пишува и за гимнософистите  (голи мудреци, индиски шумски пустиници и аскети), за кои што многу порано пишувал Онесикрит. Тој пишува дека Александар наредил да се фатат десетмина од гимнософистите кои најмногу го наговарале Саба да се одметне и кои им нанесле најмногу зла на Македонците. Инаку Саба бил поглавар на индиско племе, кој прв му се покорил на Александар и добил една сатрапија, а подоцна се одметнал. Во продолжение на овој и наредниот пасус Плутарх ни го пренесува разговорот на Алесандар со мудреците и ги наведува мудрите пораки:

„ …Со оглед на тоа дека за нив се зборувало дека се одликуваат со кратки и духовити одговори, тој им поставил загадочни прашања, додавајќи: првин ќе го убие оној кој нема да одговори исправно, а потоа со ред другите. На најстариот му наредил да биде судија. Така првиот го добил следното прашање: што мисли, има ли повеќе живи или мртви? Тој одговорил: Живи, зошто мртвите веќе ги нема!“ На прашањето: дали земјата или морето хранат повеќе животни?, вториот одговорил: „Земјата, зошто морето е само еден нејзин дел!“ На прашањето кое животно е најлукаво?, третиот одговорил: „Она кое човекот досега не го запознал!“ Четвртиот го добил прашањето: зошто го натерал Саба да се одметне?, на што одговорил: „Зошто сакав или убаво да живее или убаво да умре!“ Петиот го прашал: што мисли, дали прво настанал денот или ноќта? Тој одговорил: „Денот за еден ден настанал пред ноќта.“ Кога кралот се зачудил на ова, тој додал: „На тешки прашања се одговара со тешки одговори!“ Потоа кралот му се обратил на шестиот и го прашал: како може човек да стане најомилен? Одговорот гласел: Ако има најголема моќ, а не е страшен!“ Од другите тројца, на прашањето „како некој од човек би можел да стане бог? Еден одговорил: „Кога ќе направи нешто што човек неможе да го направи!“ Вториот го добил прашањето: Што е посилно, животот или смртта?“, на што одговорил „Животот, зошто поднесува толку зла!“ Последниот го добил прашањето: „До кога е паметно човек да живее?“ Одговорот гласел: „Додека самиот не смета дека е подобро да биде мртов отколку жив!“ Потоа кралот му се обратил на судијата и му наредил да го каже својот суд. Судијата изјавил дека еден одговор е полош од друг, на што кралот рекол: „Значи, кога вака судиш, ти прв ќе загинеш!“ „Не кралу!“ – продолжил судијата – „инаку ти би лажел кога рече дека ќе го убиеш првиот што најлошо ќе одговори“.

Најпосле кралот ги дарувал овие луѓе и ги пуштил. Потоа го пратил Онесикрит кај гимнософистите кои уживале особен углед и живееле само за себе во самотија, молејќи ги да дојдат кај него. Онесикрит бил филозов, и тоа еден од оние кои и припаѓале на школата на циникот Диоген. Тој тврди дека Калан многу арогантно и грубо му наредил да ја соблече облеката и гол да ги слуша неговите одговори, зошто инаку нема да разговара со него, дури и самиот Зевс да дојдел! За Дандамис вели дека бил поучтив, па откако му раскажал многу работи за Сократ, Питагора и Диоген, овој му рекол нему му се чини дека тие биле надарени луѓе, но за време на животот премногу ги почитувале законите! Други, пак, велат дека Дандамис не рекол ништо друго освен: „Зошто Александар минал толкав пат довде?“ Најпосле Таксил го наговорил Калан да оди кај Александар. Неговото вистинско име било Сфинес, меѓутоа бидејќи тој луѓето со кои се сретнувал ги поздравувал на индиски со кале наместо со радувај се, .. го завикале Калан.

Велат дека тој на Александар му ја преставил и сликата на неговата власт. Во средината фрлил некаква сува и тврда кожа  и застанал на нејзиниот раб, па таа притисната на едната страна, се поткренала на сругата страна. Потоа одел наоколу и притискајќи ја кожата докажувал дека тоа се случува секаде, додека најпосле не застанал на средината на кожата, па средината и се друго останало мирно. Така сакал да му покаже на Александар дека тој мора најмногу да ја притиска средината на своето кралство, а не да се губи во далечините…“   

Додека Онесикрит го величал Александар Македонски, Плутарх впрочем се обидува да навлезе во неговата душа. Од овој пасос видливо е дека него го интересира што тоа го натерало големиот македонски војсководец да оди толку далеку од татковината? Кои прашања него го мачеле и што очекувал таму да најде! Како што вели овој антички филозов „честопати само некое безначајно дело или безначаен збор или дури и шега, подобро го објаснуваат карактерот на човекот отколку (победите во) битките… или најголемите освојувања на градови“.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top