На прво место

Sвездите над тумбата во Црнилиште го откриваат гробот на Александар Македонски!

505695-svezdite-nad-tumbata-vo-crnilishte-go-otkrivaat-grobot-na-aleksandar-makedonski

Сите патишта викендов водат во Овче Поле – ќе се следи мистична појава

21 јули 2017

Геоглифот во Овче Поле во последните десетина години стана едно од најпознатите мистични места, не само во Македонија туку и пошироко. Од навидум обичен рид со некаковси чуден знак на него, за кој до пред пола деценија само се шепотеше, сега веќе е локација која предизвикува и интригира многу луѓе. Пресликувањето на ѕвезденото небо со знакот на геоглифот се случува на роденденот на големиот цар Александар Македонски.

505695-svezdite-nad-tumbata-vo-crnilishte-go-otkrivaat-grobot-na-aleksandar-makedonski
фото: Н.Батев

Знакот на тумбата над селото Црнилиште во Овче Поле викендов ќе се преслика со соѕвездието Касиопеја, појава која дел од археоастрономите ја поврзуваат со Александар Македонски, роден во периодот од 21 до 23 јули.

Мештаните очекуваат и годинава на мистичната тумба да се искачат граѓани, кои како и во изминатите десетина години, самоиницијативно, со телескопи го набљудувале небото и хоризонтот. Раскажуваат дека симболиката на пресликувањето на ѕвезденото небо со знакот на геоглифот што се случува на роденденот на големиот цар Александар Македонски ги предизвикува не само научниците туку и заинтересираните граѓани.

– Доаѓаат од сите страни на Македонија, но и од соседните држави. Од ридот и го посматраат небото со некои специјални двогледи, дурбини, вели еден од жителите на Црнилиште.

Знакот на геоглифот личи на буквата М или на трикратна стрелка, со ориентација север-југ на височинка во тркалеста форма со димензии од околу 85 на 45 метри.

Локалитетот стана популарен пред неколку години кога хрватскиот истражувач Домагој Николиќ постави хипотеза дека во Овче Поле се наоѓа гробницата на големиот војсководец и освојувач, синот на Филип Втори Македонски. Тој своите тврдења ги темели на астротеолошки читања на овој симбол.

– Сликата на соѕвездието Касиопеја се огледува на геоглифот во чест на роденденот на Александар Македонски, кој се слави секоја година во периодот од 21 до 23 јули. Всушност, единствено во тие денови овој геоглиф се пресликува со соѕвездието Касиопеја, кое има иста форма како дел од контурите на геоглифот, смета Николиќ.

505699-svezdite-nad-tumbata-vo-crnilishte-go-otkrivaat-grobot-na-aleksandar-makedonski

Николиќ беше дел од интернационалниот научен тим Супер Бреин рисрч груп кој пред неколку години беше вклучен во архео акустично истражување на македонскиот геоглиф и веќе подготвува трет научен труд за резултатите од истражувањето. Тој Геоглифот за прв пат го спомена во емисијата “На рубу знаности”.

Оттогаш па наваму, од навидум обичен рид со некаков си чуден знак на него, за кој што до пред пола деценија само се шепотеше во одредени кругови, големиот геоглиф веќе е локација која предизвикува и интригира многу луѓе.

Но, оваа појава за дел од македонските научници, нема никакво значење. Археоастрономите тврдат дека соѕвездието Касиопеја секогаш е на исто место и се гледа во сите годишни времиња и не е поврзана со Геоглифот. Археолозите, пак, сметаат дека на Црнилиште нема никаков сакрален објект, туку тоа се воени ровови, стари околу еден век.

– Дури и да се докаже дека нема ништо под геоглифот, што е малку веројатно, симболот кој што е вцртан внатре и кореспондира со созвездието Касиопеја и нејзиното вртење околу Северница, но и со древните писма – линеарно б, етрурско, староарамејско и писмото од Каменот од Розета, со сигурност има силно влијание на човечката свест на генерацијата луѓе кои сега живеат на планетата Земја, анализира порталот Лоза.

Сепак, мистеријата каде е закопан Македонскиот крал Александар останува енигма за светот. Иако постојат повеќе теории ниту една не е докажана. Според една теорија заснована врз основа на делата на античките историчари Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и Куртиј Руф, како и на современите проучувачи на античката историја, гробот на Александар е во Македонија. Друга теорија, пак, вели дека по смртта Александар бил погребан во Египет, во неговиот град Александрија.

Месноста каде што се наоѓа овој мистичен рид со симбол којо се гледа само од птичја перспектива го носи името Канда, збор кој освен во македонскиот јазик, се сретнува и во древниот Санскрит.

Превземено од Вечер

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top