На прво место

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ!

1odor

1odor

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ!

2 август 2017 година, Битола, Македонија

Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес и годинава беа организатори на Четириесет и шестата Светска Македонска Иселеничка Средба и Триесет и седмата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена Семакедонска Средба Трново 2017.

Главен покровител на Семакедонската Средба во Трново и годинава беше градоначалникот на општината Битола. Семакедонската Средба во Трново е дел од Програмата за култура на општина Битола со одлука на Советот на општината уште од 2014 година.

Семакедонската Средба Трново 2017 се одржа во дворот на македонската православна црква “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново.

Присутните ги поздравија Иван Џо Петрески претседател на Матицата на иселениците од Македонија, градоначалникот на општина Битола Владимир Талевски, претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола Алексдандар Јаневски, Неговото Високопреподобие архимандритот Никодим Царкњас и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

На Семакедонската средба присуствуваше и делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот без ресор Зоран Шапуриќ и заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески. Организаторите претходно од Владата беа известени дека “владин претставник нема да има обраќање на оваа прослава“. Организаторите тоа го испочитуваа, а владината делегација ја проследи целата програма на Семакедонската средба.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров го отфрли Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, склучен во спротивност на меѓуародниот принцип за еднаква сувереност, затоа што Владата се откажа од грижата за положбата и правата на Македонцие во Бугарија, Владата во Софија остана доследна дека не ги признава Македонскиот народ, Македонскиот јазик и Македонската историја. Тодор Петров во името на Македонците во светот упати повик за семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Организаторите на Семакедонската Илинденска Средба побараа безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под единственото државно име Македонија, македонско државјанство за Македонците по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските права и имотите на насилно прогонетите Македонци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година.

Поздравна телеграма до Семакедонската средба упати претседателот на Република Македонија професор доктор Ѓорге Иванов, во која се вели: “Ви упатувам искрени честитки по повод организацијата на Семакедонската средба Трново 2017. Голем е Вашиот придонес во промоцијата и заштитата на националниот и културниот идентитет на Македонскиот народ. Вие градите цврсти и искрени врски помеѓу татковината и иселениците и меѓу Македонците во соседството. Ме радува ентузијазмот со кој постојано се залагате за унапредување и промоција на Република Македонија ширум светот. За многу години празникот Илинден! Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.“

Поздравни телеграми до Семакедонската средба пристигнаа од македонските заедници во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Европа.

Поздравна телеграма до Семакедонската Средба испрати и Сојузот на Македонците со исламска религија во која се вели: “Почитувани браќа и сестри. И православни и муслимани, ние сме само Македонци. Честит Илинден и вечна да ни е Македонија! Претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија, Исмаил Бојда“.

Архимандритот Никодим Царкњас ја поздрави Семакедонската Средба во името на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и емотивно изрази разочарување од предавството што во Македонија се прави со Договорот со Бугарија!

– И Бранко Црвенковски како претседател на Републиката, пред години, ме убедуваше дека нема маж во Македонија кој ќе се согласи со промена на името на државата! Но, овој Договор со Бугарија е срам за Македонскиот народ во целина, за Македонците во татковината, за Македонците во соседните земји на Републиката, за Македонците во светот! Никој никому не дал право да си поигрува со нашето достоинство. Македoнија не е ниту грчка, ни српска, ни бугарска, таа е Македонска! Ги повикувам СДСМ да се преиспитаат и да го одбранат името на Македонската држава и идентитетот на Македонската нација, да не ја распродаваат македонската историја! – рече архимандритот Никодим Царкњас.

Програмата продолжи со богата културно-уметничка програма и општонародна веселба. Во културно-уметничката програма со македонски народни песни и ора настапија културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола, а пееја Круме Спасовски и Софија Кочовска.

Во македонската црква “Успение на Пресвета Богородица“ парохискиот свештеник отец Гроздан одржа утринска божествена литургија.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top