На прво место

Македонскиот јазик во XVI век

mj1

Тихомир Каранфилов

Македонскиот јазик егзистирал во овој сегашен облик со векови. Секој обид да биде преставен како дијалект на друг народ, ја побива анализата  „Еден македонски речник од XVI век“ од познатите слависти Андре Вајан и Чиро Џанелиобјавена во 1958 година.   Се работи за неколку песни, зборови и реченици од секојдневниот говор на костурчаните кој ги запишал службеник на римската црква, протосинѓелот Силвестер, додека на пат од Ерусалим за Рим, минивал низ Македонија. На тоја начин и зачувал од заборав и го создал првиот македонски речник.

Инаку Андре Вајан (2 XI. 1890 – 1977) е француски слависта, професор на Францускиот колеџ. Бил потпретседател на Институтот за славјански студии  во Париз (Institut d’études slaves), уредник на „Revue des Études slaves“, член на Лингвистичкото друштво во Париз, дописен член на Славјанскиот институт во Праг, дописен член на Југословенската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науки и уметностите. Студирал на Високата референтна школа (École normale supérieure) во Париз (1911 – 1914), потоа учел на École nationale des langues orientales vivantes и специјализирал на Филозовскиот факултет во Белград (1920 – 1921). Во периодот од 1922 до 1934 година, за да се запознае добро со славјанските јазици престојувал во Југославија, Чехословачка, Советскиот Сојуз и Полска.

Веќе познати слависти, Андре Вајан, професор на Колеж д’ Франс и Школата за Високи студии од Париз и Чиро Џанели, професор на универзитетот во Рим, во 1958 ќе ги објават резултатите од анализата на текстот од XVI век, „Еден македонски речник од XVI век“ во изданијата на Институтот за словенски студии на Парискиот универзитет „Текстови”, кн V, Париз, 1958, стр. 1—70 (Сiго  Giаnnelli  – Аndre Vaillant,  Un  lexique macedonien  du  XVI   Ѕiесlе,   Рariѕ,   1958).

Студијата од 1958 година е базирана на зборови и фрази од Македонија во 16 век, кој ги забележал службеникот на Рим. Тоа е еден од најраните манускрипти напишан на чист македонски јазик, а неговата содржина се смета според една реченица дека е собрана од костурското  село Богатско. Може да се заклучи дека авторот може го зборувал македонскиот јазик или го користел како дополнителен јазик поради тоа што живеел близу до луѓето што го зборувале. Текстовите се напишани со грчката азбука, која не е невообичаена на Балканот за време на османлискиот период.

„Македонскиот речник” во првиот дел содржи неколку обични реченици. Поголемиот дел од Речникот претставуваат случајно забележени зборови, но има и поедини групи зборови со кои се именуваат: животни, птици, растенија, жита, носија, садови, алати, сродство, деновите во неделата и др. Во дел од речениците и зборовите е забележано е следното: „Господине, брате, да си здрав, остави ни да спиме, ела да јаме, и да пиеме, да работиме, имате вино да купиме, от која страна да појдиме во Богаско; – сокол, врапци, јастреп, тресопашка, властовица, врани, јаребици, голоби; – офци, кози, јагне, мечка, елен, лисица; – месо, сирени, мљако, јајца, хлабо, вино, сол; – жито, пшеница, арж, просо, ечмен, овез, зоб; – паница, вјадро, кутел, корито, лопата; – перница, разбој, фурка, врјатено, гребен, игла, точило, брич; – глава, чело, вјажди, очи, око, нос, мрсул, уши, уста; – гуна, кошјула, ракав, поас, гашник, чехли, опинци; – жена, вдовица, невјаста, старец, дедо, стара; – духовнико, властели, стрина; – ден, недела, месецу, година, понеделник, фторник. .. петок; – косор, срп, кола, гумно, врешта, плевна, пчели, мет…”.

Текстовите откриваат посебни локални одлики кои ги преживеале тезите и сеуште се присутни на голем број денешни македонски дијалекти. Овој факт открива извонредна конзистентност на македонскиот јазик, без присуство на државна поддршка или школување до 20 век.

Некои зборови и фрази останале непроменети со векови. Содржувајќи богат речник и повеќе од 300 зборови и фрази, текстовите ја демонстрираат силата на македонскиот јазик кој се зачувал и покрај сите обиди за асимилација.

Значењето на сите овие елементи заедно не може да се преценува, јазикот на средновековната Македонија е ист како и јазикот на Македонците денес. За жал, само мал дел од поголемиот дел од македонската литература од средниот век преживеа, а голем дел од нив се ограбени и уништени од страна на лица кои зборуваат грчки јазик, свештеници и наставници. Сепак, македонскиот јазик го достигнал својот сегашен облик со векови пред создавањето на балканските народи во 19 и 20 век. Оттука никој нема право од соседите да го присвојува или негира постоењето на македонски јазик.

mj1

mj2

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top