На прво место

ЉУБОВТА КОН ОКУПИРАНИОТ РОДЕН КРАЈ НЕ Е ИРЕДЕНТИЗАМ!

ЉУБОВТА КОН ОКУПИРАНИОТ РОДЕН КРАЈ НЕ Е ИРЕДЕНТИЗАМ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Грчкото министерство за надворешни работи ја обвини Македонија за иредентизам, затоа што македонскиот конзул во Торонто ги поздравил Македонците на традиционален Илинденски пикник пред бина со етно-историската карта на Македонија.

За волја на вистината, во светот останаа стотици илјадници Македонци чии корени се во Егејскиот дел на Македонија од каде што насилно биле протерани тие или нивните родители и прародители од грчките окупатори, за време на Балканските војни 1912-1913, Првата светска војна 1914-1918, Втората светска војна 1939-1945 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Илјадници Македонци од Егејскиот дел на Македонија, после Балканските војни, Владата во Атина ги протера во Турција и Бугарија, со Анкара и Софија изврши “размена” на население… Стотици илјадници Македонци денес живеат низ целата територија на Бугарија и Егејска Турција. Овие Македонци иако “станале Турци и Бугари по државјанство” ги сочувале спомените за нивниот роден крај во Егејскиот дел на Македонија. Се’ уште имаат носталгија по своето…

Владата во Атина после Балканските војни го колонизира Егејскиот дел на Македонија со инородно население од Мала Азија, доселеници од Турција, познати како Маџири или Понди. Ги всели во куќите и им ги даде имотите на насилно прогонетите Македонци. Денес Маџирите, Пондите, доселениците во Егејскиот дел на Македонија, велат дека се Македонци наместо Македонците, иако се уште зборуваат турски јазик, си ги одржуваат културните традиции и обичаи од Мала Азија, од Турција.

Владата во Атина за цело време од Балканските војни и денес, во куќите и на имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија врши колонизација со инородни доселеници од поранешните советски републики, со единствена цел да то заврши процесот на трајна промена на етничката карта на Македонија. Одбосно, домородните Македонци во Егејскиот дел на Македонија да станат малцинство…

Владата во Атина од Балканските војни врши системско и систематско етничко чистење и геноцид врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија.

На протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија, Владата во Атина никогаш не им дозволи да се вратат на своите родни огништа, им ги забрани правата на државјанство, граѓанските, имотните и наследните права.

Кај насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во светот засекогаш ќе остане чемерот по родниот крај, во кој прашање е дали и кога ќе се вратат.

Љубовта кон родниот крај, врз кој Грците извршија окупација и етничко чистење и геноцид врз Македонците, а за тоа Грција досега не одговарала, не претставува иредентизам! Грчките ѕверства врз Македонците биле полоши од тие кои терористичката ИСИС ги изврши и се уште ги врши врз православните, неверните и кривоверните во Ирак и Сирија… Кланица…

Реакцијата на Владата во Атина со обвинување до Владата на Македонија, дека нејзин дипломат ги поздравил насилно прогонетите Македонци и нивните потомци на некоја прослава или чествување било каде во светот, е рефлексија на историската вина за грчкиот геноцид врз Македонците!

Иредентизам не е љубовта кон својот роден крај врз кој Владата во Атина извршила окупација и геноцид!

Македонците никогаш не ја окупирале “грчка Македонија”, Македонците никогаш не извршиле геноцид врз Грците! Грците ја окупирале Македонија и извршиле геноцид врз Македонците!

И покрај се’ и после се’, простуваме, но не забораваме! Бараме извинување и репарации за штетите по животите и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и експлоатацијата на природните ресурси во окупираниот Егејски дел на Македонија, не помалку од 30.000 милијарди евра! Бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија!

И покрај се’ и после се’, подаваме рака за историско македонско-грчко помирување, предлагаме владите во Скопје и во Атина да склучат Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година.

Биле војни, да даде Господ никогаш да не се повторат!

Наскоро сите здруженија на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија ќе одржат генерално Собрание за договор за стратегија кон владите на Македонија и Грција и меѓународната заедница. Делегации на Македонците од Егејскиот сел на Македонија ќе побараат директни средби со претседателите, парламентите и владите на Македонија и Грција во Скопје и во Атина, поглаварствата на ООН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа, ОБСЕ, Евро-азиската Унија, БРИКС, за трајно решение на барањата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин!

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top