На прво место

„Животот во гробница“

zivotot-e-grobnica

Овие се селани чиј јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите

zivotot-e-grobnica

„Овие се селани чиј јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите. Тие сепак не ги сакаат првите бидејќи им ги земаа нивните деца во армија. Вторите ги мразеа поради нивниот лош третман кон нив како “Бугари“. Тие покажаа симпатии кон Грците, бидејќи ние сме вистински духовни претставници на „Православниот патријарх во Константинопол“ (…) Сепак, тие наведуваат дека не се ниту, Булгари, (Бугари), ниту „SRRP“ (Срби), ниту Gkrrts (Грци), туку само „православни Македонци“… ,, – пишува Стратес Миривелес во книгата „Животот во гробница“.

„Животот во гробница“ е воена новела во која грчки наредник како новинарски извештај го опишува животот во рововите за време на Првата светска војна. Таа преставува едно од најуспешните и најчитаните грчки дела. Од нејзиното објавување како книга во 1923/1924 година, таа е продадена во повеќе од 80.000 примероци. Објавено во речиси десетина преводи, ова дело има посебна литературна убавина и повеќе од еден вид на голема литературна моќ.

Во 1917 година, пред да влезе во рововите, авторот на „Животот во гробница“ Стратес Миривелес имал само 25 години и сеуште ги немал почуствувано вистинските вредности на животот. Во рововите кои стануваат гробница на илијадници војници, тој секојдневно се соочува со ужасот на војната и очајот на војниците кои незнаат дали ќе го преживеат утрешниот ден.

Својата судбина во рововите на Солунскиот или Македонскиот фронт, Стратес Миривелес ја споделува и со Македонците од Егејска Македонија, кои насилно се мобилизирани од грчката војска и се приморани да се борат со своите браќа, татковци или роднини, кои се наоѓаат од другата страна на фронтот. За нив Миривелес во 1917 година ќе забележи:

„Овие се селани чиј јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите. Тие сепак не ги сакаат првите бидејќи им ги земаа нивните деца во армија. Вторите ги мразеа поради нивниот лош третман кон нив како “Бугари“. Тие покажаа симпатии кон Грците, бидејќи ние сме вистински духовни претставници на „Православниот патријарх во Константинопол“ (…) Сепак, тие наведуваат дека не се ниту, Булгари, (Бугари), ниту „SRRP“ (Срби), ниту Gkrrts (Грци), туку само „православни Македонци“… ,,

Напишано на модерен грчки јазик ова дело за време на диктатурата на Метаксас и Германската окупација било ставена на листата на цензурирани романи. Всушност во 1936 година, по доаѓањето на власт на фашистичкиот диктатор Јоанис Метаксас за македонскиот народ во Егејскиот дел од Македонија, започнал еден од најтешките периоди. Метаксас строго ја забранил употребата на македонскиот јазик во секојдневниот живот не само надвор туку и во рамките на семејството. За секој јавно искажан македонски збор, без разлика на местото каде е изговорен следувале тешки казни. Поради прекршување на забраната за користење на македонскиот јазик, повеќе од 5.000 Македонци биле осудени и затворени.

Јоанис Метаксас за време на Првата светска војна како монархист бил против влегувањето на Грција во војна на страната на Антантата. По дентронизацијата на грчкиот крал која е извршена со помош на силите на Антантата, Грција влегува во војна на нивна страна на 29 јуни 1917 година, а Метаксас како непожелна личност бил протеран во егзил на Корзика. Ваквиот негов став, како и негаторскиот однос кон македонскиот народ, подоцна по доаѓањето на власт во 1936 година станува причина книгата „Животот во гробница“, да се најде на листата на цензурирани романи. Вистината за постоење на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија морала да исчезне.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top