На прво место

Прилеп не сака бегалци

begalci

begalci

Предавникот на македонските национални интереси, аболицираниот лидер на СДСМ и воедно актуелен премеир на Република Македонија, Зоран Заев со не говите поданици од ден на ден од кога е на власт прави потези кои се штетни по нашата мила и низ векови напатена Република Македонија.

Да одиме по ред:

Потпишуванњето на договорот за добрососедство и соработка со нашиот источен сосед, Република Бугарија каде се негира македонската историја и следствено на тоа се понижува македонсккот народ во целина.

Заедничкото чевствување на македонскиот и бугарскиот политички врв на националниот празник Илинден и положување на цвеќе во црквата СВ.Опас во Скојде каде се наоѓаат моштите на великаниот на македонскиот непокор Гоце Делчев.

Законот за јазиците каде се предлага албанскиот Јазик да биде втор официјален јазик на цела Република Македонија.

По ова прашање се тактизира до локалните избори. Имено, ова прашање од брифинзите на владини членови е поминато на владина седница и истото од Владини извори е најавено дека ќе се даде на разгледување во Венецијанската комисија. Многу извесно е дека истото ќе влезе како точка на дневен ред во Законодавниот дом по одржувањето на локалните избори (15 октомври).

Најновото од серијата на грешки на аболицираниот лидер Зоран Заев,алијас Бошко Буха е Нацрт – стратегидата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија (2017-2027 година) и Националниот акционен план произлезен од стратегилата донесена од Владата на Република Македонија каде ќе треба да          се населат мигранти и бегалци и во мојот роден град Прилеп.

Иронијата да биде уште поголема    пред извесно време МТСП се обрати до ЗЕЛС   каде член е и општина Прилеп за да се даде мислење по ова прашање.

Како прилепчанец сакам да ја обелоденам активноста    на политичкиот прилепски субјект по ова прашање.

Имено, пред извесно време на последната седница на Општина Прилеп пред советннците беше единствената точка на дневен ред и тоа Предлог одлука за определување на места и услови за истакнување на плакати за наредните локални избори кои треба да се одржат на 15 октомври оваа година.

На предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ беше да се постави и точка на дневен ред со донесување на Одлука за неприфаќање на Нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија (2017- 2027 година) и Национален акционен план произлезен од стратегијата донесен од Владата на Република Македонија каде ќе треба да се населат мигранти и бегалци во мојот роден град Прилеп.

Овој предлог советннците на СДСМ бурно реагираа и ја напуштија седницата.

Во оваа прилика се прашувам каде е СДСМ-овската декларација деќа граѓаните за нив ќе бидат во преден план и следствено на тоа ќе дебатираат во името на граѓаните за разни прашања од општествениот живот.

Советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ се против ставот за домување на бегалци и странци и нивно интегрирање односно наседување во Општина Прилеп. Овој предлог на Централно ниво на СДСМ веднаш ја разбранува прилепската јавност од една и македонската јавност во целина од друга страна. Со прифаќањето на оваа Предлог стратегија ќе се наруши социо-економскиот и безбедносен систем на Република Македонија.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во прилепскиот совет се изјасни за неприфаќање на оваа предлог предавничка стратегија донесена од Владата на Република Македонија.

Со овој потег Прилеп не е нехуман град. Во минатото прилепчани докажаа дека се хумани луѓе. Секој пат кога е потребно се помагало без разлика на вера, национална припадност, раса, и боја на кожа.

Но овде станува збор дека обичниот прилепчанец е загрозен. Со интеграцијата на миграција ќе се наруши социо-економскиот, безбедносниот и најважно од се демографскиот карактер на градот под Марковите кули.

На вакво сензитивно прашање треба да се јави лидерот на прилепскиот разгранок на СДСМ Сашо Велески-Велесо. Но, тоа него лично не го тангира ова прашање. Во овој момент сигурно за него е поважно да се вгнезди во некој УО на добро стоечка државна институција каде има дебели паушали и хонорари.

Треба да се јави народниот пратеник од редовите на СДСМ, нарцисоидната личност Хари Локвенец и како прилепски претставник во Законодавниот дом да каже пред својот прилепски електорат дали дава истиот зелено светло по ова чувствително прашање.

Исто така, треба да се јави и личноста од Извршната власт, поточно актуелниот Министер за транспорт и врски Горан Сугарески и со тоа, да го чујат на дело прилепчани неговиот став по ова прашање.

Прилепските социјал демократи приморани се да работат по диктат од Централата во Скопје. Но, истите знаат дека нивните сограѓани сакат мир во сопствениот двор.

Пулсот на обичниот прилепчанец ќе биде дадениот црвен картон од нивна страна на плавите момчиња на 15 октомври кога ќе се гласа за татко на градот и советници во прилепскиот совет.

Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top