На прво место

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД НЕЈЗИНОТО ИМЕ!

14

14МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА

ЛАБУРИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА НА ПРЕДЛОГ НА ПРАТЕНИЧКАТА ЏЕСИКА СТОЈКОВСКИ УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД НЕЈЗИНОТО ИМЕ!

27 август 2017 година, Перт, Западна Австралија

На парламентарните избори во Западна Австралија, одржани март годинава, македонската снаа Џесика Стојковски, сопруга на Македонецот Сиљан Стојковски, стана пратеник во Законодавното собрание на Западна Австралија, од Лабуристичката партија, од изборната единица Кингсли во Перт. Џесика по потекло е од Англија, мајка на две деца, но како македонска снаа одлично го зборува македонскиот јазик.

Македонците во Западна Австралија безрезервно и’ ја честитаа победата, со надеж дека ќе придонесе за Македонската заедница во Западна Австралија и во Австралија воопшто.

Резултатите од работата на пратеничката Џесика Стојковски за Македонската заедница во Австралија и Република Македонија веќе се евидентни.

– Денес ми претставуваше чест да предложам Резолуција на Конференцијата на Лабуристичката партија на Западна Австралија којашто помина безрезервно. Со Резолуцијата се повикува Сојузната влада на Австралија да ја признае Македонија како Македонија, а не како “поранешната Југословенска Република Македонија“, – изјави денес пратничката Џесика Стојковски, после одржувањето на Годишната национална конференција на Лабуристичката партија за Западна Австралија.

Светскиот Македонски Конгрес – Австралија и Светскиот Македонски Конгрес и’ изразија безрезервна благодарност на Џесика Стојковски за нејзината работа и Резолуцијата за Македонија.

На предлог на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија, 27 Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес одржано на 5 август 2017 година во Скопје на пратеничката Џесика Стојковски и’ го додели највисокото семакедонско признание, почесната титула Македонски сенатор.

Во Резолуцијата за Македонија, којашто е дел од тригодишната програма за работа на партијата, се вели: “Конференцијата го истакнува извонредниот придонес на Македонската заедница во Западно-австралиското и Австралиското општество. Нивниот придонес ја збогати нашата заедница и придонесе кон збогатување на вредностите на Лабуристичката партија. Тие се пример на сеопшиот придонес којшто сите мигранти и бегалци го сториле во Западна Австралија.

Конференцијата потврдува дека Австралија е една од ретките земји во светот која сè уште го користи терминот поранешна Југословенска Република Македонија во односите со Македонија, што не е случај со другите републики на поранешна Југославија.

Конференцијата потврдува дека со ова се врши навреда на Македонската заедница и дека, како приоритетно прашање, Сојузната влада и секоја идна Федерална влада на Лабуристичката партија треба да го отфрли префиксот “поранешна Југославија” и да ги задржи само зборовите Република Македонија.

Конференцијата, исто така, ја повикува Федералната Влада на Лабуристите да го разгледа прашањето за отворање на Австралиска амбасада во главниот град на оваа држава, за да им служи на интересите на Австралија во поширокиот регион.“

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top