На прво место

Жаклина Михајлова – добитник на високата Награда „Стојан Христов“

zaklina-mihajlovska

zaklina-mihajlovskaН​а светската поетска манифестација „​Струшки вечери на поезијата“, свечено беше доделена Наградата „Стојан Христов“, за најдобра поетска книга на автор кој живее надвор од Македонија и кој твори на македонски јазик. Годинашен добитник на оваа престижна Награда е авторката Жаклина Михајлова, од Сиднеј, Австралија, за стихозбирката „Руен“.

По доделувањето на Наградата, Госпоѓата Михајлова се огласи и ја изрази својата благодарност:

…Задоволство е да се добие оваа Награда. Ви благодарам на сите за вниманието што и го посветивте на мојата збирка песни „Руен“ и Ви благодарам за Наградата. Благодарам на Агенцијата на Иселеници што со оваа Награда овозможува постојано да гори пламенот на животот, во поетските македонски души низ светот. Најискрено им благодарам на Организаторите на Струшките вечери на поезијата, како и на членовите на жири комисијата , која одлучи да ми се додели Наградата „Стојан Христов“, токму за стихозбирката „Руен“, стихозбирка која е целосно посветена на македонскиот јазик, на неговата древност, убавина и совршеност.

Во утробата на нашата Македонија се крие тајната ни за јазикот, т.е. за нашето постоење. Пронајдените артефакти во Македонија сведочат дека нашите предци и читале и пишувале и си го ценеле јазикот од дамнина.
Неопходноста од негување и величење на нашиот јазик ни е завет кодиран во гените! Да научиме да се сакаме себе си!

Едгар Алан По рекол дека : „Поезијата е ритмичка креација на убавината низ зборови“, а јас би додала дека зборовите на поетот извираат од душата, течат со љубов, се вгнездуваат во јазикот и испилуваат вечност. Оваа Награда и мојата стихозбирка „Руен“, веќе зачекорија кон вечноста.

zaklina-mihajlovska-2

Уште еднаш од срце ви благодарам за Наградата „Стојан Христов“ и за задоволството да ми биде доделена токму на светската поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“, во мојата Македонија, истакна поетесата Михајлова. 

Годинава, „Струшките вечери на поезијата“ се одржуваат по 55 пат и траат од 23 до 28 август.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top