На прво место

КОЅИАС ПРЕЧЕКАН СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ И СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

КОЅИАС ПРЕЧЕКАН СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

31 август 2017 година, Скопје, Македонија

Денес во официјална посета на Македонија престојуваше министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас. Негов домаќин беше министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров. За време на посетата, министерот Никос Коѕиас се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот за евро-интеграции Бујар Османи, а во Собранието се сретна со претседателот Талат Џафери и претставници на парламентарните политички партии. Министерот Никос Коѕиас беше примен и од претседателот на Републиката Ѓорге Иванов.

На првата средба со министерот Димитров, во 10.30 часот, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, пред зградата на Министерството за надворешни работи беше пречекан со протест во организација на Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес. На протестот присуствуваа и претставници на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија.

Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес завчера испратија отворено обраќање до Владата и парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за името: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА!

Пред присутните, обраќањето до Владата и парламентарната опозиција, го прочита претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, кој рече: “Се собравме поради посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Македонија, независно од Владата на Заев, да кажеме дека за Македонците во целиот свет, семакедонската црвена линија е името на државата: Бевме, сме и ќе бидеме Македонија и Македонци! Името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на името на државата значи трајна промена на името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик! Сакаме да ги потсетиме Владата и опозицијата дека името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и државјаните во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите! Македонија не е само географија! За нас Македонците, Македонија е етнологија! Името на државата е името на Македонскиот народ и обратно, името на Македонскиот народ е име на државата Македонија! Бараме безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина! Предлагаме македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција. Простуваме, но не забораваме. Бараме извинување и репарации. Бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Првата и Втората Балканска војна 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949. Бараме Владата во Атина да стави крај на расистичката забрана на Македонци за влез во Грција! И покрај се’ и после се’, ние Македонците велиме, Македонија не е ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! Македонците отфрлаат членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!“ – рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

Учесниците на протестот носеа транспаренти на коишто на англиски јазик пишуваше “Стоп на грчкиот геноцид!“, “Стоп на грчкиот наци-фашизам!“, “Стоп на грчкиот расизам!“, “Да, за ЕУ, но само како Македонија и Македонци!“, “Стоп на разговорите за името!“, “Македонија 1913-2013, 100 години окупација – 100 години геноцид!“, “Не за ПЈРМ, да за Македонија!“, “Ова е Македонија!“

Иако мирниот протест организаторите претходно писмено го најавија до Полициската станица Центар, со образложение дека на него ќе присуствуваат 50-100 учесници, со организарана редарска служба, без блокада на сообраќајницата и дека ќе протестираат спроти зградата на Министерството за надворешни работи, организаторите изразија остар протест поради самовластието на началникот на полициската станица Центар, кој како командир на полициската единица за јавен ред и мир, забрани движење на учесниците на мирниот протест 200 метра од зградата на Министерството за внатрешни работи поредувајќи кордон во два реда пред нив. На прашање на организаторите до началникот на полициската станица Центар, Зошто е забраната на движењето, одговорот беше поради безбедносни причини и затоа што тој така сакал! Иако, вооружени на протестот беа само полицајците!

И покрај арогантното однесување на началникот на полициската станица Центар, организаторите изразија задоволство од протестот.

– Не очекувавме масовност, неизвесни ни беа денот и местото на доаѓањето на Никос Коѕиас. Најважни беа пораките од протестот! Не’ радува дека нив ги пренесоа речиси сите медиуми во Македонија наспроти посетата на Никос Коѕиас, а ги евидентираа и медиумите од Грција. Нашата изјава до медиумите ја дистрибуиравме на македонски, англиски и грчки јазик. Им благодариме на сите кои дојдоа заедно да ја споделиме загриженоста од однесувањето на Владата на Заев, спротивно на слободно изразената волја на Македонскиот народ и македонските државјани. Придонесуваме во поткревањето на свеста на народот, во отпорот против промена на името на државата Македонија и промена на идентитетот на нацијата Македонска, – изјавија Ефтим Клетников и Тодор Петров, во име на организаторите на протестот.

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top