На прво место

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

Dragan-Bogdanovski-portret-1

18 септември 2017 година, Куманово, Македонија

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гробишта во Куманово, се одржа помен за спомен и вечна памјат. Семејството, соборци и делегација на ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе на гробот на Драган Богдановски.

Dragan-Bogdanovski-portret-1

Драган Богдановски е роден во село Клечовце, Кумановско, на 18 септември 1929 година. Почина во Фредериција, Данска, на 31 мај 1998 година. Еден е од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

Потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени. Дедото на Драган е Илинденец, комита во четата на Атанас Бабата. Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што во 1948 година се запишува во Белград, Земун, на Факултет за земјоделство и шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на “Македонски студентски клуб”, заради што бил затворен и издржал казна од 4 месеци во злогласниот затвор на “Обиличев венац”. По излегувањето од затвор е исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.

Таа драконска мерка на факултетските власти во основа го менува животот на Богдановски. Одлучува да ја напушти земјата и во пролетта 1950 година, заедно со неколкумина колеги студенти, кај Гевгелија ја преминува границата. По задолжителен престој во бегалски логор, кон крајот на 1950 година заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954 година. Желбата за наука не го напушта, поради што се враќа во Париз и на Сорбона запишува Факултет за политички науки и журналистика. Уште веднаш започнува со политичко дејствување, ја формира организацијата “Македонски национален фронт” и започнува со издавање на весникот “Македонска искра”. Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви, но по интервенција на југословенската и грчката амбасада весникот е забранет.

Во 1958 година се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, и заминува да живее во Норвешка. Со неа има два сина, Пер-Арне и Иван. Во Осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор врши национално-политичка активност. Во 1958 година се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија. Го издава списанието “Македонска лоза” и “Слободна Македонија”, потоа го печати весникот “Македонија”, списанието “Македонска нација” и други.

Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот СССР. Донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на ДООМ во 1977 година, Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на Службата за државна безбедност на Југославија, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати на којшто му е изречена казна 13 години затвор. Помилуван е во 1988 година.

По излегувањето од затвор во 1988 година, кусо време живее во Скопје, а штом добил пасош заминува во Малме, Шведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија, отпечатена во весникот “Млад Борец”. Таа партија, по идеја на Драган Богдановски треба да се вика “Демократска партија за македонско национално единство”, ДПМНЕ. Во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски од Ресен, по што партијата се формира и регистрира во Македонија како ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство.

Умира на 31 мај 1998 година во воз, во местото Фредериција, Данска, на пат од Шведска за Германија. Погребан е во присуство на семејството и најблиските во Куманово на 2 август 1998 година. На погребот учествуваа членовите на неговото семејство, неговите пријатели, општинските раководители на градот Ресен и само еден претставник од ВМРО ДПМНЕ.

Неговата активност најмногу е изразена како иницијатор за основање на бројни политички организации на Македонците во странство. Во 1963 година доаѓа до формирање на прва македонска национална организација Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), која во 1972 година се трансформира во Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). Богдановски на чело на ова организација доаѓа уште во 1967 година.

ДООМ развива широка активност помеѓу Македонците кои по 1960 година масовно ја напуштаат својата земја од економски или политички причини, поради што набргу се соочува со тогашната Служба за државна безбедност (СДБ), која ги следи и повремено ги попречува неговите активности. Се организира кражба на неговата печатница во Минхен, која е пренесена од Осло во Брисел па во Минхен и во која се печати списанието “Македонска нација”.

Сепак, СДБ не презема акции за целосна елиминација на дејноста на Драган Богдановски, бидејќи тој со својата борба делува против дејствувањето на разни странски пропаганди, политички или црковни институции кои меѓу Македонците во странство врпеа просрпска, прогрчка, пробугарска и друга пропаганда, каква што спроведуваа “Панмакедоники”, МПО на Ванчо Михајлов, “Славјански комитет” на НРБ и други. Во периодот од 1958-1977 година најголема битка водеше против МПО.

На првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991 година, Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 година е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Европа.

Сепак, доаѓа до заладување на односите помеѓу него и претседателот на партијата, поради софискиот врховизам на Љубчо Георгиевски. И во 1993 година ја напушта ВМРО ДПМНЕ. На 5 мај 1993 година Богдановски формира нова партија, Македонски национален фронт, со седиште во Прилеп, но таа партија не успеа да заживее и Богдановски се враќа во Шведска.

На пат од Шведска за Германија, почина во воз во Фредериција, Данска, на 31 мај 1998 година. Постојат шпекулации дека е отруен, но тоа никогаш не е потврдено.

Лесна му земја и вечна му памјат. Амин!

Најново од: На прво место

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

To top