На прво место

ИТНО И БЕЗУСЛОВНО ПОМИЛУВАЊЕ НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО!

НАЈОСТРА ОСУДА НА СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО И БАРАЊЕ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА ЗА ИТНО И БЕЗУСЛОВНО ПОМИЛУВАЊЕ НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

26 септември 2017 година, Тирана, Албанија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува Специјалното јавно обвинителство поради изнудата пред Основниот суд Скопје 1 од политички побуди, за притвор од триесет дена на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец во Република Албанија, со меѓународна потерница поради сомневање на околности што укажуваат на “опасност од бегство“, а под обвинение за “наводни изборни нерегуларности за локалните избори во Република Македонија во 2013 година“.

СМК потврдува дека Едмонд Темелко секојдневно ги извршувал работните обврски градоначалник на општина Пустец во Република Албанија чиешто државјанство и пасош, исто така, ги поседува, но никогаш не се криел, ниту се дал во бегство, туку редовно се јавувал секоја среда, прво во Основниот суд Скопје 1, а потоа во Основниот суд Ресен, во согласност со претходно утврдените мерки на претпазливост при што му бил одземен само македонскиот пасош.

СМК констатира дека иако на Специјалното јавно обвинителство и на Основниот суд Скопје 1 им било познато дека Едмонд Темелко е државјанин и на Република Албанија, никогаш не му била изречена мерка на претпазливост со којашто му се забранува да ја напушта територијата на Република Македонија!

СМК смета дека, иако по сознанието од медиумите за изречената мерка на претпазливост притвор, самиот Едмонд Темелко се пријавил во Скопје, од каде што е упатен во Истражниот затвор во Шутка, приведувањето не е превентивна мерка поради ризик од негово бегство од државата, туку претставува одмаздничка мерка против Македонците по потекло од Република Албанија кои имаат и македонско државјанство и живеалиште во Република Македонија а во врска со гласањето на локалните избори на 15 октомври 2017 година!

СМК од членовите на Социјалдемократскиот сојуз бара да покажат барем малку национално чувство кон Македонците во Република Албанија кои се под удар на асимилација од албанската држава и бугарската пропаганда!

СМК го повикува претседателот на Република Македонија во согласност со Законот за помилување, итно и безусловно да го помилува Едмонд Темелко и да го ослободи од гонење и поради нарушена здравствена состојба, со што ќе го симне овој срам на Македонската држава врз Македонците во Република Албанија!

СМК смета дека не постои никаква вина кај Едмонд Темелко за делото за кое е обвинет, “дека врбувал луѓе од Албанија со македонско државјанство да гласаат на локалните избори во Република Македонија во 2013 година“, туку станува збор за политичка хајка против единствениот градоначалник Македонец на само една општина во Република Албанија, како колатерална штета од пресметката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија.

СМК потсетува дека неприкосновено и неотуѓиво право е на Македонците по потекло од Република Албанија, со македонско државјанство и живеалиште и на територијата на Република Македонија, дали и како ќе гласаат на било кои избори во Република Македонија, како што е неприкосновено и неотуѓиво право секој да води кампања и да ги убедува другите да гласаат според неговите политички уверувања независно како тие фактички ќе гласаат!

СМК смета дека Македонците по потекло од Република Албанија, со македонско државјанство и живеалиште и на територијата на Република Македонија, имаат неотуѓиво и неоприкосновено право да гласаат и на овие локални избори на 15 октомври 2017 година и за тоа не може да одговараат пред никого!

СМК јавно ја прашува Владата на Република Македонија, дали и кои мерки ќе ги преземе против 150.000 Албанци од Косово, на кои, Социјалдемократскиот сојуз заради владината коалиција со ПДП и изборот на Киро Глигоров за претседател на Република Македонија во 1994 година незаконски им издаде македонско државјанство. Овие лица, за волја на вистината, ги има само во книгата на државјани и во ниту една друга датотека, притоа наменски доаѓаат од Косово, Албанија и од други држави во Западна Европа, само да гласаат на локалните, парламентарните и претседателските избори на Македонија влијаејќи на изборните и пописните резултати! Нивниот број на последните парламентарни избори, при вркстената проверка на избирачките списоци, изнесуваше 230.122 запишани во посебни избирачки списоци?!

СМК јавно ја прашува Владата на Република Македонија, дали ќе изврши ревизија на издадените македонски државјанства на државјаните на другите републики во поранешна СФРЈ од 17 ноември 1991 година кои имале пријавено живеалиште на територијата на Република Македонија а немале државјанство на Република Македонијa, и до поднесувањето на барањето за стекнување македонско државјанство најдоцна со 3 ноември 1993 година, законски не престојувале на нејзината територијата најмалку 15 години односно од 3 ноември 1978 година?

СМК јавно прашува која е одговорноста на премиерот Зоран Заев кој пред минатогодишните парламентарни избори апелираше Албанците во странство да гласаат во Република Македонија, а им го опструира избирачкото право на Македонците по потекло од Република Албанија, со македонско државјанство и живеалиште и на територијата на Република Македонија?!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top