На прво место

Јапонија бара помош од Македонците во 1904 година

japonija

japonija
„чесните македонски револуционери сакаат да работат самостојно без никаква иницијатива од страна“

Во 1904 година, Јапонија која се наоѓа во војна со Русија, се обидува да ја добие поддршката и да ги поттикне македонските револуционери да кренат ново востание против Турците, само за да и` ги врзат рацете на Царска Русија во Европа.

На 10 февруари 1904 година, двете империи, Царска Русија и Јапонското царство започнуваат војна за превласт над Манџурија и Кореја. Во оваа војна во Источна Азија, најголемите копнени борби се водат во јужна Манџурија, поточно на полуостровот Љаотунг и Мукден во Кина, додека поморските се водат на Жолтото Море и морињата околу Кореја и Јапонија.

Иако војната се води меѓу двете империи, во финансиска смисла ова била светска војна, зошто откако Русија ги потрошила своите заштеди на пари, таа била финансирана од Франција, додека пак Јапонија која немала никакви финансиски резерви од првиот до последниот ден на војната била финансирана од Велика Британија и САД.

Иако се соочува со низа тешкотии, Јапонија ништо не препушта на случајот. Тие преземаат секакви активности за да ја парализираат руската војска. Нејзините агенти во месец април 1904 година доаѓаат дури во Солун и Цариград со цел да стапат во контакт со Македонската Револуционерна Организација и да ги наговорат повторно на лето да се кренат на востание против Турците.

За овој настан пишува белградска „Политика“ од 16 април 1904 година. Во информацијата која е објавена во белградскиот весник на страна 3 под наслов „Јапонците и Македонија“ се вели:

„Се слуша дека овие денови двајца јапонски агенти пристигнаа во Солун и Цариград за да ги поттикнат Македонците на ново востание ова лето. Меѓутоа, од сигурни извори дознаваме дека еден јапонски агент скоро бил во Софија, преговарал со тамошниот македонски комитет за востание против Турција и за тоа понудил околу четиристотини илјади златни лири на поклон, само за на тој начин Јапонија да ја попречи Русија и да и` ги врзе рацете во Европа.

Колку и да се воодушевуваме на јапонската агилност, толку би ни било чудно ако еден Борис Сарафов не се здружи и со Јапонија кога е во прашање полн паричник, па дури и да е на штета на Славјаните и Русија. Сепак, познавајќи ја желбата на чесните македонски револуционери да работат самостојно без никаква иницијатива од страна, веруваме дека една ваква јапонска постапка ќе остане јалова“.

Македонската Револуционерна Организација која по востанието од 1903 година се наоѓала во крајно тешка положба, со нарушени внатрешни односи, нарушена организациона структура по селата и градовите, испрекинати меѓусебни врски и води борби со странските вооружени пропаганди меѓу кои и српската, не била во состојба да крене ново востание во текот на 1904 и 1905 година, додека трае руско-јапонскиот воен конфликт.  

Иако не била ангажирана во Европа, во војната со Јапонија, која ќе заврши на 5 септември 1905 година, руската војска во далечниот Исток доживува тежок пораз. Ја изгубила пацифичката и балтичката флота. На тој начин се изменил балансот на силите во Источна Азија. Јапонија станува светска сила, а во Русија се јавува незадоволство кај народот од царската и автократската власт што пак ќе доведе до руската револуција во 1905 година. 

Интересно е што во овој период, кога покрај бугарската и грчката, почнува да дејствува и  српската вооружена пропаганда во Македонија, со цел да се асимилира македонското население, во информација на белградска „Политика“ се сретнуваат термините како  Македонци и чесни македонски револуционери. 

Сепак мошне значајно е потенцирањето дека „чесните македонски револуционери сакаат да работат самостојно без никаква иницијатива од страна“, што значи дека се дистанцираат од Белград, Софија и Атина,како и од другите сили.

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top