На прво место

ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА – МАКЕДОНСКА ЦРКВА

ohridska-arhiepiskopija

ohridska-arhiepiskopija

Поданиците на Охридската Архиепископија ја чувствувале истата како Македонска и таа впрочем го ширела македонското име.

ohridska-arhiepiskopija-2

Во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија и подредената на неа Пеќка Црква, е присутно МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, а тие територии од нивните жители биле нарекувани македонски предели: Осоговијата, Штип, Скопје, Солун, Охрид ; но и Софија, Шопскиот Крај, Скадар, Призрен, Подгорица, Цетиње, Смедерево, Хвар, Херцеговина…

Јаков од Камена Река во поговорот на cвojoт „Часослов“, печатен псалтир од 1566 г. запишал:

„Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара… И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил], от места нарицаема Камена Река. От племена свештеническаго, нарочитаго страни от дребни времена“.

(Радмила Угриновска – Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88).

Ha eден натпис од XIV век во црквата Св. Ѓорѓи во Горен Козјак близу Штип, некој се потпишал како „Братан от Македонија“…

Јаков Крајков од Софија, “от пределех македонских“, на својот „Псалтир“ кој го испечатил во 1569 г., напишал за себе:

„Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син… И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книга, товса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна“.

Винко Прибојевиќ е роден и живеел во XVI век на Хвар. Тој запишал дека пространството меѓу Цариград и Пула е наречено Македонија, т.е. дека Илирија, Тракија и Мизија се македонски територии.

Во „Тримесникот“, печатен и напишан во Скадар, во XVI век од извесен г. Стефан, стои:

„… ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во пределите македонски, во родниот град Скадар“ …

(ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на XVI век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги истакнува дека е од Подгорица, пределите македонски:

„грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест
ва пределех мађедонских“.

(Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. – Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 – 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 – 433`. ZIN I 494.).

Vuk Каrаđić :

“… I u trećoj svojoj knjizi 1538. Božidar Vuković ponavlja istu sintagmu, da su se Maćedonija srpski zvale sve zemlje našega naroda, kao što se i u narodnoj pjesmi Đurađ Smederevac zove kralj od Maćedonije“… 

„Kaluđeri crnogorskoga manastira Morače 1615. Pišu da je njihov manastir v oblasti hercegovskoj v zapadnih strana i predjelah maćedonskih“.

(dr Jevto M. Milović, Zbornik dokumenata iz istorije Crne Gore (1685-1728), Istorijski institut NR Crne gore, Cetinje, 1956).

„U Beču je 15.12. 1714. Izdat pasoš vladici-gospodaru crnogorskom Danilu Petroviću na kojem piše da je Danilo ”biskup iz Makedonje… Sa Cetinja”.

(dr B. Šekularac, Cetinjski ljetopis).

Macedonia : a True Endless Story …

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top