На прво место

Кривична без материјални докази

marjan-risteski

marjan-risteski

Секоја година во градот под марковите кули во средината на месец јули пред прилепчани и голем број на странски гости се одржува 4 дневната манифестација “Пиво фест”. Од кога е на функција градоначалник на општина Прилеп, ревносниот Марјан Ристески и неговиот тим имаат можност до сега мошне успешно 13 пати по ред да ја оргаиизираат оваа фестивалска манифестација на пивото.

На истата се промовираат различни пиварници со своите брендирани пива. На фестивалската пиво фест манифестација не може да помине и со добрата скара.

На истата скоро секоја вечер има музика од различни жанрови, а кулминација е последната вечер кога пред прилепчани и огромниот број на гости од дома и странство настапуваат атрактивни естрадни уметници од домашната и од екс Ју просторите.

Во обезбедувањето на естрадните уметници со свои средства учествува Локалната самоуправа, но поголем дел издвојуваат пиварниците кои со своите финансиски средства ги обезбедуваат естрадните атрактивни личности особено од Ју просторите.

Секоја година организацијата е на високо ниво и исто така, секоја година се рушат рекорди во поглед на испиено пиво и дегустација на скарата.

Од страна на организаторот секој субјект кој сака да земе актуелно учество на фестивалската манифестација си откупува свои штандови кои истите се наплатуваат по метар квадратен површина.

Со оваа манифестација имаат голем финансиски бенефит и хотелските комплекси и приватните сместувања каде се сместуваат странските гости. Исто така, во тие 4 фестивалски денови финансиски бенефит имаат и прилепските кафулиња и продавниците во далеку прочуената прилепска стара чаршија.

Сообраќајниот метеж се регулира со сообраќајна такса од сите влезови на градот, а вонредни паркинзи има и во училишни дворови и паркинг простор кои се добро уредени во некои станбени комплекси. За таа намена ставени се во функција и паркинг местата на катната гаража.

Некои гости кои сакаат да кампуваат на пиво фестивалската манифестација му е овозможено истото да го направат во комплексот Могила.

По успешно организираната пиво фест манифестација организациониот одбор на истата излегува пред давноста со резултати и го прикажува јавно финансискиот бенефит од манифестацијата.

Финансиските средства се легално финансиски раскнижени.

Но, и тоа не е доволно за момчето со актовка во рака да поднесе Кривична пријава за пиво фест манифестацијата до таткото на Градот Херој Прилеп, Марјан Ристески.

Момче сите финансиски средства се обелоденети од една и книговодствено раскнижени од друга страна. Во оваа прилика се прашувам каде гледаш финансиски махинации. Најдобро спушти се на земја “не летај во облаци” оти за вакви невистини следува контра кривична пријава за нарушување на честа и угледот кон која е поднесена кривичната пријава.

На крајот твоите големи апетити за потенцијален кандидат за градоначалник и следствено на тоа за твојата не номинација вината барај ја во таборот на плавите момчиња а не кај неуморниот татко на градот Марјан Ристески кој во овие 12 години од кога е на власт Прилеп го направи Европска метропола.

Дипл. Екк. Рубинчо В. Јованоски од Прилеп

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top