На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГОРДИ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ИТАЛИЈА!

zdruzenie-aminta-veneto

zdruzenie-aminta-veneto
МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ “АМИНТА“

9 октомври 2017 година, Виторио Венето, Италија

– Веќе три години во градот Виторио Венето, во провинцијата Тревизо, активно работи Македонското здружение АМИНТА.

Во Македонското здружение АМИНТА членуваат околу 100 Македонци, кои како амбасадори на Македонија во Италија ја одржуваат и афирмираат македонската култура, јазик и држава.

– Здружението го формиравме заради обединување на Македонците во северниот дел на Италија. За илустрација, на стадионот во Торино каде што играше Македонската фудбалска репрезентација се собравме 5.000 Македонци. Неопишливо е чувството кога од толку луѓе слушате македонски песни, Македонската национална химна. Ние сме горди Македонци, тоа бевме, тоа и ќе останеме, иако далеку од татковината, – вели претседателот на оваа Македонското здружение АМИНТА Саве Лазароски.

zdruzenie-aminta-veneto-2

Македонското здружение АМИНТА веќе има македонското културно уметничко друштво “Аминта“ коешто ги негува македонските традиции и обичаи, македонските песни и ора, далеку од родниот крај во Северна Италија. Досега повеќепати заедно настапиле со играорната група на Македонското здружение Филип Втори Македонски.

Со македонското културно уметничко друштво “Аминта“ раководи Даниела Наумовска, која е радосна бидејќи постојано расте бројот на членовите на македонското културно уметничко друштво “Аминта“.

– Проблем се народните носии, но се надеваме дека ќе ги обезбедиме, – вели потпретседателот на македонското културно уметничко друштво “Аминта“, Билјана Колоска.

zdruzenie-aminta-veneto-3

Приоритет во програмата за работа на АМИНТА е изучувањето на Македонскиот јазик.

Македонското здружение АМИНТА редовно ја претставува Македонија на Денот на македонската култура во рамките на општинскиот Фестивал во Виторио Венето на којшто учествуваат повеќе од 50 организации од Италија и надвор од неа.

Светскиот Македонски Конгрес им посакува успешна работа и активности во македонските работи.

zdruzenie-aminta-veneto-4

zdruzenie-aminta-veneto-5

zdruzenie-aminta-veneto-6

zdruzenie-aminta-veneto-7

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top