На прво место

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

to-be-honest

to-be-honest
ДА БИДАМ ИСКРЕН – TO BE HONEST

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одржа премиерната изведба на драмата „Да бидам искрен“ (To Be Honest) од драмскиот писател и режисер Стефо Нанцу.

Драмата доживеа четири изведби и картите беа предвреме распродадени поради големиот интерес на ова најново драмско дело на Стефо. „Да бидам искрен“ драмскиот писател Стефо го работеше врз основа на вистински наративи на  девет млади лица кои ги отворија своите срца и души и ги споделија своите животни приказни.

Преку приказните се увидоа траумите со кои се соочиле младите како резултат на неправилно функционирање на нивните семејства поради разновидните социјални, лични и душевни пореметувања, поради траумите од војните и доселување во новата средина, употребата на алкохолот и дроги и впуштање во криминални активности за да се опстои или подобри животот во новата средина. За децата израснати во вакви средини и семејства често се вели дека тие уште од самиот почеток на животот „немаа шанса“ – didn’t had a chance. Тоа и авторот го експонира и иследува, го прикажа животот на децата поминат воглавно на улица, без дом и топол оброк, без доволна едукација и советување без доволна топлина од родителите, некои дури и „продавани и препродавани“ од еден родител кон друг од еден роднина кон друг и тој синџир на неизвесност да се пренесе врз децата во различни форми и навики до впуштање во проституција, дрога и алкохол, впуштање во светот на криминални активности, во светот на самоуништување.

Авторот преку тие наративи ги следи децата низ периодот на пубертетот и подоцнешните години, со еден професионален актерски тим составен од дваесет млади артисти, ни ја престави сликата на социјалното и психичкото растројство присутно во сите тие девет животни приказни. Но секако се прикажа и надежот за иднината и јачината на опстојување што овие млади ја поседуваат.

Инаку ова е шеста продукција на Стефо работена преку овој Центар за уметност во Бенстеон со кој повеќе години соработува, а исто во соработка на локалните добротворни организации за млади во ова предградие. Авторот повторно им приближа на гледачите социјални теми што се актуелни во просторот каде живееме каде се судруваат повеќе култури и генерации во таканареченото „котле“ на социјални превривања.

Душан Ристевски

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top