На прво место

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “ХРИСТО МАТОВ“

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКОТО ПАТРИОТСКО ЗДРУЖЕНИЕ “ХРИСТО МАТОВ“

21 октомври 2017 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“, денес во Скопје склучија Меморандум за соработка, координација и меѓусебна размена на искуства и информации.

Основни цели и задачи на договорните страни се: Духовно, културно и економско обединување на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет; Заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор; Заштита и афирмација на човековите и граѓанските права и слободи; Развој на демократијата; и Афирмација на целите и задачите на Обединетите Нации.

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ во меѓусебната соработка ќе се придржуваат на следните принципи на работа: Се почитува автономијата и самостојноста на договорните страни; Договорните страни се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата, независно од бројот на членството и статусот; Договорните страни имаат толкави обврски колку што самостојно и доброволно ќе прифатат од заеднички договореното; Договорните страни имаат пред се’ морална одговорност за обврските што доброволно ги прифатиле од заеднички договореното; и Секоја договорна страна не одговара за постапките и дејствувањето на другата договорна страна во реализацијата на своите цели и задачи и во реализацијата на заеднички договорените цели и задачи.

Претседател на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, на претседателот на Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје Тони Петрушев му ја предаде Одлуката за полноправно членство на Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје во Светскиот Македонски Конгрес, донесена на Дваесет и седмото Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес одржано на 5 август 2017 година, во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје.

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје се против донесување на Законот за употреба на јазиците и отфрлаат двојазичност на територијата на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје се против промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје повторија дека, се’ додека за Софија, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, Договорот меѓу Зоран Заев и Борис Борисов претставува велепредавство на државата и нацијата!

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје сметаат дека Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027, како и измените на Законот за олеснети услови за прием на бегалците и мигрантите во македонско државјанство се неприфатливи за Македонскиот народ, воопшто за сите во Македонија и бараат Владата да ги отфрли, затоа што ја менуваат етничката и верската карта на Македонија, и претставуваат вовед за дестабилизација на Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје отфрлаат транзит и времен престој на бегалци и мигранти од Грција во Македонија и препорачуваат, доколку Европската Унија е заинтересирана за нив, Брисел да организира нивна директна депортација од Грција во Западна Европа!

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Христо Матов“ од Скопје од Македонската Влада бараат да ја зајакне доизградбата на заштитната ограда на границата кон Грција и да го зголеми бројот на силите за безбедност за спречување на нелегалните премини на бегалци и мигранти од Грција во Македонија!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top