На прво место

Ние остануваме само Македонци

makedonska-nacija

makedonska-nacija

Во разговор за македонското прашање воден во 1927 година, српски командант ја регистрира изјавата на прилепскиот студент Григорие Поповиќ во која тој вели:  „Нас студентите од Македонија во Белград не следат тајни агенти, бидејќи не ни веруваат, меѓутоа тие можат да прават што сакаат, ние остануваме само Македонци. Македонија е ружа којашто најмногу се расцутува, а нејзиното прашање е дело на Европа, а не на Србија…“ 

По Првата Светска Војна, Србија презеде повеќе мерки за асимилирање на македонскиот народ. Најголемо внимание му се посвети на просветата како едно од најефикасните средства за „национално превоспитување“ на Македонците. Оттука училиштата требаше да станат главни духовни центри за денационализацијата, односно места од каде што ќе се „фабрикуваат најдобрите Срби“.

За бришење на македонскиот идентитет и за наметнување на српската култура и свест, во 1920 година беше отворен Филозофски факултет во Скопје како разгранок на Белградскиот филозофски факултет. Исто така, во 1921 година беше формирано и Скопско научно друштво, кое требаше „сестрано да ја проучува Јужна Србија и Македонија“. Подоцна беа отворени неколку стручни училишта, како Трговската (1922) и Учителската школа во Скопје, Земјоделската школа во Битола и др.

Преку училиштата и другите установи се настојуваше да се задуши секаква македонска национална свест и традиција, да се искорени употребата на мајчиниот јазик, да се изопачи историјата и итн. При спроведувањето на насилната денационализација и асимилација беа применувани прогони и терор, како спрема македонскиот народ, така и спрема припадниците на албанската и турската заедница.

Во 1921 година, за да ја засилат пропагандно-асимилаторската дејност во Македонија, владата на Н. Пашиќ донесе специјална Уредба за националните работници во Стара Србија и Македонија, со која им се даваа разни привилегии и признанија за ширењето на српството во Македонија.

Покрај училиштата и други организации и друштва беа активно вклучени во спроведување на официјалната политика за одродување и посрбување на македонскиот народ. Се` што се објавуваше легално и што се пласираше во Македонија мораше да се печати само на српски јазик, а од јазиците на народностите донекаде се толерираше турскиот јазик.

Меѓутоа, и покрај огромните напори на српската администрација, како и теророт кој се вршеше врз населението во Македонија, Македонците не се откажуваа од името и идентитет. За ова говори поверливото писмо (Пов. бр. 2510) на Министерството на војската и на морнарицата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 31 октомври 1927 година, испратено до Министерството на просветата.

Во ова писмо со молба за увид, началникот бригаден генерал, Мил. Вотгровиќ, го доставува извештајот на командантот на III армиска област (дов. Ѓ. Об. бр. 3711 од 28 тек. Месец), доставено на Великиот жупан на Битолската област, во кое се вели:

По патот од Скопје до Велес, а во разговор за македонското прашање, Глигорие Поповиќ од Прилеп, студент на Белградскиот медицински факултет, го рекол ова:

„Нас студентите од Македонија во Белград не следат тајни агенти, бидејќи не ни веруваат, меѓутоа тие можат да прават што сакаат, ние остануваме само Македонци. Македонија е ружа којашто најмногу се расцутува, а нејзиното прашање е дело на Европа, а не на Србија. Србите во Воената академија им прават на Македонците се` што можат и не можат, само да ги приврзат за себе, меѓутоа тие остануваат само Македонци, па макар што Србите да им прават или да не им прават“.

Студентот Поповиќ итно замина за Прилеп.

Чест ми е предното да Ви го доставам на знаење. Му издадов потребна наредба на Околискиот поглавар во Прилеп. 

(Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и независна држава, том II, Скопје, 1981, стр. 137;  АЈ. – Ф. М. П. К. 61, ар. ед. 160, пов. бр. 2510, 1927.)

Отогаш до денес многу води протекоа низ македонските реки, но притисоците од страна на соседите врз македонскиот народ да се откаже од своето име, јазик, идентитет и црква, никогаш не престанаа. Но, како што вели прилепскиот студент, што и да прават – Ние остануваме само Македонци.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top