На прво место

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ И НИКОЈ НЕМА ПРАВО ЗАРАДИ ПОЛИТИЧКИ КОНЦЕСИИ КОН ДРУГИ И ТУЃИ ДА СЕ ОТКАЖУВА ОД ТОЈ ДЕЛ НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува вандализмот врз споменикот на Александар Трети Македонски на плоштадот “Александрија“ во центарот на Прилеп, којшто претставува донација од македонскиот сенатор Ѓорѓија Џорџ Атанасоски од 2006 година.

СМК бара брза интервенција на надлежните органи и санкционирање на сторителот на овој вандализам.

СМК укажува дека културата и историјата на Македонија се неотуѓив и нераскинлив дел од културно-историскиот идентитет на Македонците во континуитет од пред нашата ера до денес и никој нема право да се откажува од делови од таа култура и историја поради гео-политички интереси на други и туѓи кои окупирале или имале јурисдикција врз дел од територијата на Македонија и извршиле геноцид врз Македонците!

Александар Трети Македонски е Македонец и претставува дел од културно-историското наследство на Македонската цивилизација!

СМК смета дека секое сквернавење на спомениците од периодот на историјата пред нашата ера, претходно со обвинувања за антиквизација и десловенизација на Македонија, претставува денационализација врз Македонскиот народ со единствена цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Не дошле Словените од зад Карпатите со трски во уста преку Дунав, та се населиле во Македонија поради што се нарекле Македонци, туку Македонците отсекогаш биле во Македонија, заради своето име земјата каде што живееле ја нарекле Македонија! Тоа што низ вековите други и туѓи ја окупирале и пљачкосувале Македонската земја, никому не дава за право деноминација на името на државата и идентитетот на нацијата денес, ниту сегментација на културата и историјата на Македонија и Македонците во време и простор, како историско оправдание за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!

СМК ја предупредува Владата дека сатанизацијата на делови од културата и историјата на Македонија и на Македонскиот народ го продлабочува расколот и неединството меѓу Македонците, и го поткопува семакедонското помирување и обединување, а во интерес на врховизмот и колаборационизмот.

Вербализмот “го поразивме национализмот“, во свет во којшто не постојат анационални држави, е демонтажа на државноста и Владата мора да биде свесна за последиците кои таквите конструкции ги мултиплицираат! Сегментарното отсуството на Македонците од културата и историјата на Македонија во време и простор, секогаш друг го компензира, само тогаш други велат дека културата и историјата на Македонија се наши, а не на Македонците, ваши! Впрочем, чија е територијата негова е историјата, го потврдуваат правилото – при дефанзива и по линија на помал отпор, секогаш домаќинот станува роб на окупторот, бидејќи историјата ја пишува победникот!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top