На прво место

Републиканската партија ја остави Македонија на цедило

bilNikolov

bilNikolov

Од непознати причини, политиката на Сорос, Хилари и Обама се’ уште е на сила во Македонија (ќе ја наречеме оваа политика „СХО“, бидејќи Американците се чини дека сакаат акроними), а Републиканската партија не сака да стори ништо во врска со тоа. Добро, почнаа да се занимаваат со тоа, со тоа што започнаа истрага во Конгресот за мешањето на СХО во Македонија, но изгледа дека вниманието им го одвлече некоја верверичка или Трамп.

Претпоставката дека земја како Македонија не е од интерес на американската надворешна политика е аргумент на наивните.

Американската надворешна политика е политика на интервенционизам, секаде, за што има неброени примери од изминатите седумдесет години, вклучително и многубројни примери во Македонија во последните неколку години. Сега се соочуваме со нешто поинакво, па клучното прашање е: Зошто Републиканската партија толку целосно и’ се предаде на политиката на Демократската партија и дозволи непречен државен преврат предводен од СХО? Постојат само две опции: некомпетентност или соучесништво.

Не можев ниту да замислам дека соучесништвото е можна опција се’ додека Државниот Секретар Тилерсон не му честиташе на новиот македонски „Премиер“, поставен од СХО, за освојувањето на непостоечкиот мандат. Неговата партија всушност ги изгуби парламентарните избори, но Стејт Департментот на САД се потруди про-СХО, левичарска коалиција сепак да ја раководи Македонија.

Господине Тилерсон, поправете ме ако грешам дека сте соучесник. Можно ли е да се работи за некомпетентност? Најдобро е да му укажете на Стејт Департментот да ја следи ВАШАТА политика и да престане со неуморните напади на македонскиот идентитет и независност.

Простете ми го гневот – или немојте, искрено, не ми е гајле – зашто името на мојата земја, нејзиното етничко потекло, јазик, идентитет и територијален интегритет се под закана за да се исполни целта на американската надворешна политика да се негира постоењето на македонците за да им се удоволи на нашите потчинители, Бугарија, Албанија и Грција. БАГ, ако сакате. Или да не претеруваме со акронимите, да не го збуниме Претседателот на САД, ако случајно ни обраќа внимание.

Македонија е нашето име. Нашата етничка припадност е македонска. Од секогаш било така. Го објаснив идиотизмот на вештачки создаденото, анти-македонско „прашање за името“, кое е во суштината на кризата во Македонија и регионот, во оваа колумна во The Hill. Не би требало да постои потреба да се брани постоењето на мојата или која било друга етничка група.

Во една друга моја колумна во The Hill го повикав Доналд Трамп да ја поправи штетата што на Македонија и’ ја нанесе претходната администрација на САД. Но, ете, Трамп не дејствува освен ако не се работи за НФЛ, белите националисти, или Боб Коркер. Господине Коркер, можеби можам да ве научам неколку македонски одбрани зборови да му ги напишете на Трамп на Твитер за да му го привлечете вниманието. Пишете ми на Твитер.

А може и Републиканската партија да се заангажира и да ја заврши истрагата во Конгресот – уште пред неколку месеци. Но почекајте, веќе потрошивте премногу време и веќе го знаеме исходот. Мајк Ли, Тед Круз и другите што ја започнаа истрагата треба да дејствуваат СЕГА. Македонија и Македонците бараат буквално да ја спасите нашата земја и етничка група од истребување. Се’ што треба да сторите е да потенцирате дека САД застанува во одбрана на нашите најосновни човекови права – нашето право да постоиме – и дека САД бара веднаш да престанат расистичките, анти-македонски преговори за името. Една реченица ќе ја спаси нашата земја. За само 140 знаци или и помалку од тоа.

Бил Николов

Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top