На прво место

Реакција на ОМД за иницијативата Жан Моне

2

2

Реакција на ОМД за иницијативата Жан Моне

Во врска со посетата на известувачот за Македонија, европратеникот Иво Вајгл, Обединета Македонска Дијаспора како најголема организација на Македонците надвор од Македонија се чувствува одговорна јавно да го праша почитуваниот гостин при посетата на Македонија, јавно да се произнесе на што се базира легитимитетот за иницијативи за нетранспарентни меѓупартиски преговори и разговори во Париз, во куќата на Жан Моне. Притоа прашуваме што содржат тие разговори и зошто тие разговори да не се одржат во куќата на Блаже Конески во Небрегово, или пак во куќата на браќата Миладиновци во Струга без меѓународни посредници почитувајќи ја сувереноста на Македонија.

1

Ве потсетуваме Г-не Вајгл дека единствено вашата матична држава Словенија како и Македонија пред 28 години беа според Бадинетровата комисија единствени држави кои имаа легитимитет за сувереност и отцепување од Југославија. За разлика од Словенија, Македонија е директен заложник на непринципиелна политика на ЕУ сите овие години. Одговорноста за моменталната состојбата во Македонија не е само намакедонските политички партии во изминативе години, туку и од целосно недемократска и дволична политика на Европската Унија кон Македонија, посебно од Европската Комисија и Европскиот Совет, институции кои штитејќи ги шовинистичките интереси на една ваша земја членка, и покрај тоа што има пресуда и осуда од меѓународен суд, како и преку нетранспарентни политички договори во Пржино под покровителство на ЕУ, ја оневозможија Македонија да го обезбеди заслуженото место во Европското семејство.

Ве повикуваме во име на демократијата и вистинските Европски вредности наместо да се залагате за нетранспарентни и тајни преговори меѓу политичките партии далеку од јавноста во Македонија, да се заложите за афирмација на Македонската држава, народ, јазик и култура во институциите на ЕУ, и овозможување на Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ.

Оркестрирана демократија води кон тотален хаос и неспокој, застапувајќи ги вистинските европски вредности заложете се Македонскиот народ и сите останати етникуми во Македонија самостојно да си го најдат и изградат патот кон европското семејство. Тоа можете да го постигнете само со немешање во сувереноста и внатрешните работи на Македонија и со спротиставување на шовистичката политика на некои соседни земји кон Македонија.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top