На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ЗАКОН ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ!

14

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ЗАКОН ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ!

15 ноември 2017 година, Скопје, Македонија

– Македонците со индигнација го отфрлаат гласањето на пратениците “за“ предлогот за донесување на Законот за употреба на јазиците со Предлог на Закон.

СМК бара институциите на власта да го испочитуваат амандманот V на членот 7 од Уставот, дека “на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо!“

СМК и натаму бара Владата да го повлече предлог-Законот за употреба на јазиците од собраниска процедура поради претходна стручна и научна дебата, и решение во согласност со Уставот.

СМК смета дека предлог-Законот за употреба на јазиците е неуставен бидејќи врши флагрантно кршење на јазичните права утврдени во членот 7 од Уставот и е во спротивност со Охридскиот рамковен договор.

СМК укажува дека предлог-Законот за употреба на јазиците не е европски, ги руши унитарноста и територијалниот интегритет на државата, ја гетоизира албанската заедница, ги дискриминира помалите етнички заедници, ја дестабилизира земјата, и врши мајоризација на малцинството врз мнозинството!

СМК потсетува дека предлог-Законот за употреба на јазиците е во спротивност со доверениот маднат за состав на Влада и изјавата на мандатарот сега премиер дадена пред претседателот на Републиката на 16 мај 2017 година!

СМК го повикува претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за употребата на јазиците доколку биде донесен!

СМК повторува дека Претседателот на Републиката има апсолутно суспензивно право на сите закони што ќе ги донесе Собранието по предлог на Владата во спротивност со изјавата на мандатарот сега премиер дадена пред претседателот на Републиката на 16 мај 2017 година!

Ниту една власт не е достојна за дезинтеграција на државата и суспензија на суверенитетот!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top