На прво место

новото име нема да го содржи зборот Македонија

Грчки медиуми: Крштевка за ФИРОМ, новото име нема да го содржи зборот Македонија

На преговарачите за името на Република Македонија, Адамантиос Василакис од грчка страна и Васко Наумовски од македонска, наскоро ќе им биде преставен нов предлог. Метју Нимиц наместо на 20 или 21 ноември, предлогот ќе го претстави на почетокот на декмври.

Предлогот, без да се знаат сите податоци, „ќе биде прифатен од Владата на СИРИЗА за да го затвори ова прашање и да ја воведе државата во НАТО“!

Со „Крштевка за ФИРОМ“ во насловот, грчки медиум го анализира сегашниот „напредок“ во односите меѓу Атина и Скопје како пресвртен во затворањето на проблемот со името на северниот сосед во потесен и поширок контекст. Па така, во анализата се вели дека тимот за националнна безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп ќе им дал нов импулс на напорите за затворање на отворените прашања на Балканот, а Скопје е важен дел од оваа загатка, па членството во НАТО е од клучно значење за Вашингтон.

Поради ова, во последно време се зборува многу за прашањето за името, а се нагаѓа дека новото име ќе биде „Централна Балканска Република“.

„По победата на Зоран Заев, Грција покажува ‘добра волја’ и ова се толкува како можност за наоѓање решение во Њујорк по секоја цена, бидејќи она што е важно е – курсот на ФИРОМ … кон Евроатлантската унија“.

Вицепремиерот на Скопје, Кочо Анѓушев, зборувајќи на универзитетот „Џонс Хопкинс“ деновиве отворено повика на американска интервенција за решавање на ова прашање.

Добро е познато и јасно дека Вашингтон би сакал на следниот самит на НАТО да ја вклучи и БЈРМ во составот на Алијансата по секоја цена.

Проблемот со името се „дебатира“ повеќе од дваесет години, а САД дефинитивно сакаат да го завршат спорот овде и сега, бидејќи рускиот фактор демне со своите планови со помош на Груевски и оној за балканскиот панславизам.

Другиот фактор е енергијата, бидејќи многу гасоводи минуваат низ Грција и БЈРМ, додека „опасните“ „Посејдон“ и „Турски поток“ мора да бидат „уништени“ во нивниот зародок.

Посветеност на новата влада на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) во врска со интерконекцијата на системите за природен гас на Грција и на ПЈРМ изрази Митко Андреевски, советник за енергија на премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, на состанокот со претседателот и извршен директор на ДЕСФА, Сотирис Ника, кој се одржа завчера во Скопје.

Поради овие проекти кои вклучуваат „многу пари“, се сака да се стави крај на прашањето за името, притискајќи ги Атина и Скопје да најдат заедничко решение.

Инаку, дека 2018-та година е златен прозорец на можности за решавање на спорот со Грција, смета вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Во изјава за ТВ 21, тој вели дека наредната година мора да се дојде до решение на тридеценискиот спор кој ја кочи Македонија на евроинтегративниот пат. 2019-та е веќе доцна, смета Османи бидејќи тоа е година на избори, во Европа, Грција но и Македонија.

-Засновајќи се на претходно искуство никој не може да гарантира дека решение ќе има, меѓутоа ние сме оптимисти и работиме да има решение. Сметаме дека околностите се такви односот кон сериозноста на проблемот на двете држави е таков, да има предуслови да се реши ова прашање. Го чекаме предлогот на господинот Нимиц, за да можеме суштински да разговараме и да најдеме решение. Мое лично убедување е дека мораме да ја искористиме 2018-та инаку влегуваме во маѓепсан круг на латентно рециклирање на кризите кои ги имаме во последните 25 години, изјави Османи.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top