На прво место

Реакција на ОМД за статијата “Моне за почетници” на Дојче Веле

omd

OMD

Реакција на ОМД за статијата “Моне за почетници” на Дојче Веле

Почитувани,

По повод вашата статија “Моне за почетници,” каде ОМД од страна на вашиот новинар Љупчо Поповски е оквалификувана како патриотско националистичка, во интерес на јавноста во Македонија и во дијаспората, согласно европските вредности на објективно информирање, Ве молиме да ја објавите во целост следнава реакција.

Во своето 13 годишно постоење, ОМД согласно својата програмска определба и мисија секогаш стоела и ќе стои на браникот на засебноста на македонскиот народ, јазик, култура, правото на самоопределување и почитување на различноста и мултикултурализмост, и во борбата за рамноправност на македонскиот народ со сите останати народи во современиот свет. Ве охрабруваме повеќе да се запознаете со работата и резултатите на ОМД посетувајќи ја нашата веб страна: http://www.umdiaspora.org

Инцијативата Жан Моне нема легитимитет затоа што уште еднаш по кој знае кој пат Европска институција флагрантно го крши демократскиот кодекс, директно мешајќи се во работи кои се во исклучива ингеренција на претставници на македонските граѓани кои се избрани на регуларни и непосредни избори. Притоа барањето на Вајгл за неприсуство на медиуми на овие средби или како што вие наведувате во Вашиот текст “во тишина,” за нас е фрапантно и неприфатливо. Зборувате за демократија и Европски вредности и за помрднување на прашањето за името за да може државата конечно наредната година да стигне поблиску до ЕУ, меѓутоа го изоставате фактот дека Македонија одамна ги исполни копенхашките критериуми одредени од ЕУ (стандардни критериуми за започнување на преговори за членство) кои доколку Европската Унија ги почитуваше, изразувајќи се според вашата генијална креативност, Македонија веќе одамна ќе беше на железничката станица за да ги пречека Србија и Црна Гора. Но за жал тоа не беше доволно, и по кој знае кој пат, со додавање на нови критериуми за исполнување, на Македонија стативата и беше подмрдната уште еднаш, и уште еднаш и беше удрен црн печат во пасошот на Македонија од страна на демократската ЕУ, за да неможе да патува во Брисел. Доколку Европската Унија се придржуваше кон и ги почитуваше своите демократски принципи, Македонија одамна ке беше членка на унијата, меѓутоа како и на сите сегашни и минати ЕУ политичари и дипломати, и вас вие е многу добро јасно дека тоа не е главната причина зошто Македонија е сеуште надвор од Европската Унија.

Почитуван Поповски, да, целосно е точно дека оркестрирана демократија води кон тотален хаос и неспокој. Нашите западни пријатели се директни соучесници во хаосот во кој се наоѓа македонското општество. Премолчувајќи ја транзиционата пљачка на македонскиот општествен капитал во 90-те години, толерирајќи го своето галениче членка Грција во шовиништичкиот пристап кон своето македонско малцинство и кон Македонија околу името на државата и нашиот македонски идентитет, толерирајќи ја својата членка Бугарија околу ОМО Илинден и добрососедските односи (земете го за пример Каракачанов, актуелен министер за одбрана), оркестрирајќи го Охридскиот договор, децентрализацијата од 2004 по етнички поделби а не граѓански, непочитувајќи ја пресудата од Хаг за блокадата во НАТО, срамните за демократија и транспарентност Пржински 1 и 2 договори, се непобитни докази за инволвираноста на ЕУ во оркестрирањето на македонското општество. Намерите можеби се добронамерни, но резултатите се катастрофални, токму поради газењето на правото на независна и суверена демократска пракса во македонското општество. Нашите западни пријатели треба да ја оценуваат политичката клима, а не да ја креираат. Тоа е исклучиво внатрешно прашање, кое што тие многу добро го знаат, а доказ за тоа се Каталонија и Шпанија, и многу други такви примери

Фрапантна и несватлива е вашата примедба за Фејсбук анкетата која ја спроведуваме за иницијативата Жан Моне. Токму поради медиумскиот молк за дебата, согласно демократските принципи, ОМД користејќи социјална мрежа сакаше да го дознае мислењето на македонскиот граѓанин околу иницијативата. Што има лошо да се знае мислењето на народот во државата и надвор од неа наспроти тишината која Вие ја претпочитате? И да, Г-не Поповски, резултатите од оваа анкета ќе бидат проследени до сите политички фактори во Македонија, Владата и Собранието но и до Европскиот Парламент, онака демократски како што доликува, а не националистички како што вие си дозволивте да ја декларирате ОМД само поради тоа што не се согласувате со нашата демократска иницијатива.

ОМД активно дејствува и ќе продолжи да дејствува од своето седиште во еден од најважните политички и дипломатски центри во светот Вашингтон, и немаме потреба да ве уверуваме дека успешно го правиме тоа, бидејки нашите резултати се доказ за тоа. Како дел од народот а не како некоја странка, како што вие сакате да ја претставите ОМД, Ние ќе ја продолжиме нашата патриотска работа, на демократски начин, за доброто на целиот македонски народ во матичната држава, македонските малцинства во соседните земји, и дијаспората и на сите други граѓани на Македонија.

Со почит,

Стојан Николов

Претседавач

Обединета Македонска Дијаспора

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top