На прво место

Илона Захариева: Кој тоа ве лаже дека патриотизмот е мртов и е демоде?

kamen-most

kamen-most

Драги мои сограѓани

Кој тоа ве лаже дека патриотизмот е мртов и е демоде?

Ќе ви кажам најсвеж, европски пример:

Ќе ви зборувам за Канели, гратче од околу 11.000 жители, каде што живеам заедно со над иљада други македонци, околу сто и педесетина мароканци, педесетина албанци итн. односно над 2.500 странци од замислете 63 националности од кои триесетина од нив се застапени со помалку од пет жители,но сепак се тука.

Имено, во саботата беше пушена во употреба нова градинка. Видни гости од светот на политиката, организации, родителите на децата, односно, една убава церемонија.

Дечињата, вклучувајќи ги и нашите, македонските, ја испеаја италијанската химна, една традиционална пиемонтејска песна и еден танц, кој впрочем го играше девојче од Мароко. Политичарите си позборуваа за пиемонтејските корени на овие деца и покрај тоа што над 50% од децата се странци… Ако тоа не е патриотизам…

Истите тие деца кои беа на фудбалскиот натпрева Италија: Македонија, вклучително и мојот внук Марио кој навиваше Македонија, Македонија и кој сега со ист жар ја пееше италијанската химна.

Никогаш нема да се борам да зборувам македонски во институција овде бидејќи со тоа нема да им го подобрам животот на моите сограѓани, но би била среќна кога нашите луѓе би се вклопиле подобро во системот.

Со здружението КАМЕН МОСТ се трудиме да им укажеме на нашите луѓе колку е важно правилно да го употребуваат и добро да го научат италијанскиот јазик за да можат да напредуваат во работата.

На барање на градинките организиравме курс по македонски јазик за основни потреби за воспитувачките бидејќи кога децата ќе тргнат во градинка се уште не го владеат италијанскиот јазик од причина што дома скоро сите зборуваме македонски.

На сите случувања во здружението редовно покануваме функционери, а и редовно сме поканети на сите настани и манифестации.

Дали, драги мои македонци, албанци, турци, роми, власи, срби, разбирате што сакам да ви кажам?

Патриотизмот не е мртов. Патриотизам е возвишено чувство и затоа не е својсвен за секого. Патриотизам е кога работиш за доброто на својот народ, кога го сакаш својот народ.

Која е поентата? Ние сите мораме да го сакаме и помагаме својот род, своите браќа по националност и никој нема да ни замери за тоа, се додека не е на штета на повисоките, на државните интереси.

Никој не ми брани да ја сакам мојата Македонија (освен некои неопределени суштества), а јас за возврат треба да се однесувувам и да ги уживам правата, но и да ги почитувам обврските во мојата втора татковина.

Јас и сите оние како мене, а не има многу, знаеме како да ги живееме европските вредности, не вие,  драги мои сограѓани во Македонија, па колку тоа и остро да ви звучи.

Со почит

Илона Захариева
Претседател на македонското здружение
КАМЕН МОСТ Канели, Италија

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top