На прво место

ВО ОДБРАНА НА ИМЕТО, ДЕЛОТО И ЗДРАВЈЕТО НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО

111

111

Писмо од Стив Пљакас, од Канада

ВО ОДБРАНА НА ИМЕТО, ДЕЛОТО И ЗДРАВЈЕТО НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО

На сите Македонци во етничка Македонија и во дијаспората познато ни е дека Мала Преспа или Долна Преспа, како Преспанци ја нарекуваат е географска област покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во Општината Пустец.

Мала Преспа како нераскинлив дел од Македонија беше даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот мировен договор во 1919 година. Со овој договор заврши поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија и започна ерата на денационализација, присилна асимилација и прогонување на македонскиот народ.

Денес, Македонците во Албанија имаат далеку поголема слобода и човекови права од Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак, тие се недоволни. А сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, како и на други места каде живее македонско население.

Селото Пустец, пак, е најголемата населба, а истовремено е и седиште на општината, чиј градоначалник Едмон Темелко и сите членови на советот на оваа (за жал), единствена македонска општина во Албанија се етнички Македонци.

Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол, 16-зрачното сонце од Кутлеш (Палатица – Виргина) над кое стои двојазичен натпис на македонски јазик Општина Пустец, а под него и на албански јазик.

Моето семејство и јас како познат канадски бизнисмен, по потекло од село Зелениче, Леринско, сме биле домаќини на Едминд Темелко, во Канада. Ние му овозможивме да има здравствена заштита во Канада, а да ги посети и сите македонски православни цркви и другите асоцијации во метрополата Торонто, како и нашиот „Македонски центар (Плаза) во Њумаркет.

Во текот на нашиот престој пак, во Република Македонија со мојата покојна сопруга Лили Пљакас, која беше голем донатор и активист во Македонската колонија во Торонто, меѓу другото дадовме донација за децата без родители во домот „11 Октомври“ во Скопје.

Исто така, благодарение на нашите пријатели Нада и Славе Катин, меѓу другите места ја посетивме и Мала Преспа и Општината Пустец, каде се сретнавме со градоначалникот Едмонд Темелко, бројни општински советници и Македонци од тој убав крај. Притоа ние, заедно со Желевската асоцијација од родното место на Лили подаривме поголема сума пари за нашите Македончиња во Мала Преспа. Исто така, и во минатото ние сме подарувале средства, особено за Црквата „Свети Архангел Михаил“, за македонското училиште и други потреби за Македонците во Албанија.

За жал, ние добивме писмо од роднините на градоначалникот на Пустец, нашиот драг пријател Едмонд Темелко, во кое нé информираат дека тој е во Истражниот затвор „Скопје“ каде се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба и дека не му било дозволено да користи здравствена заштина.

Затоа, јас како канадски бизнисмен од македонско потекло, кој се бори за промоција на Македонија во светот, посебно во Канада и САД, со ова писмо апелирам да се почитува името, делото и здравјето на градоначалникот на Општината Пустец, почитуваниот и сакан Македонец Едмонд Темелко.

Со почит.

Стив Пљакас

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top