На прво место

Заев и СДСМ брутално удираат кон тие кои што мислат и делуваат македонски

Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и изживувањето кое го прави СДС

Заев и СДСМ брутално удираат кон тие кои што мислат и делуваат македонски.

Ова е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата, против Тиранската Платформа, против насилието на власта. Против секој кој мисли македонски и се грижи за националните интереси. Во прашање е државата.

Ова не е правда, веќе законите и Уставот не важат, ова е заробена држава.

Погледнете денес не е тема тоа што секоја втора вечер имаме убиства, имаме насилие, грабежи, рекетари, тема се луѓето кои беа на страната на државата. Ова се прави за да се отвори пат за промена на име, идентитет, јазик, неуставна двојазичност, историја.

Во исто време, истиот ден кога се разговара во влада за законот за амнестија за над 1.000 затвореници сторители на тешки кривични дела, замислете за тероризам се обвинуваат оперски пејач, татко на три деца, актер татко на три деца, режисер кој е татко на две деца, доктор татко на три малолетни деца, архитект и итн. Нема ниту закони, ниту правила. Како во дивиот запад се елиминира секој кој слободно размислува и се грижи за државата. Ова е елиминација на слободната мисла, ова е збришување и пресметка на сите кои ја сакаат оваа земја и овој народ.

И сето ова, додека се удира кон интелигенцијата, се пуштаат на слобода убијците на децата на Смилковско езеро, се пуштаат на слобода криминалци како Бајруш, како Красниќи и останати криминалци.

За што треба да одговараат оперскиот пејач, режисер, актер, доктор, архитект. За тероризам, каде минималната казна е 10 години затвор кои се спротивставија на Тиранската Платформа со која се носи неуставна двојазичност, промена на унитарниот карактер на државата. Влезот на граѓаните беше реакција на акцијата на СДСМ и Заев насилно да го изберат Талат Џафери со цел да ја спроведат својата Тиранска агенда која еве сега се оделотворува.

На крај ударот е и на пратеничката група која неуспеаја да ја разградат на друг начин и сега се оди на физичка елиминација на компактноста на пратеничката група на ВМРО за да во Собрание помине се што сакаат и е на дневна агенда.

Ова е посипување на зла крв во целото општество. Во 21 век имаме процес против луѓе кои си ја сакаат својата земја, само затоа што гласно кажаа не на оваа хунта на власт.

Нема да се заборави плачот на децата на Дурловски, на Жаклина, на Сашо, на децата на Крсто, на децата на сите оние кои утрово брутално ги апсеа пред нивните деца додека тие плачеа. Се прашувате зошто Дурловски од Миланската скала денес е со лисици на рацете, зошто Дамовски еден креативен човек и режисер го изнесуваат со комбе полицајци, зошто доктор Сашо е прогонуван исто како и доктор Љубен и Жаклина и Крсто и многу други кои поминуваат низ голгота -затоа што си ја сакаат земјата.

Ова е последниот час кога ќе треба да се изреагира, да се заштитат луѓето затоа што правдата е на наша страна. Ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава.       

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води таа битка, битка за правдината и битка за татковината. Ние ќе бидеме на чело на таа светла битка, со идеја, со чест, и со име. Таа битка ќе е тешка, ќе биде долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, и ќе резултира со победа.

Ние ќе бидеме гласот и на оние кои во ова време невреме, во овој мрачен период, оние кои чувствуваат страв кој во изобилство го сервира оваа ненародна влада на Заев, ние ќе бидеме и нивниот глас.

Ние ќе бидеме на браникот на татковината, да ги браниме слободата и слободната мисла на народот, да ги браниме нивните чувства, и нивниот патриотизам.

Секаде со народот. Тоа е нашата максима и оние, таа ќе ја оствариме. На улиците, по домовите, секаде каде што треба.

Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Сите оние кои се дел од овој политички прогон од оваа незаконитост треба да знаат дека тркалото се врти. И одговорност за сите прекршувања на законот ќе има, колку и да се чувствуваат сега безбедно и сигурно.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top