На прво место

Ламбе Арнаудов: Неколишевизам

Lambe-Arnaudov

Lambe-Arnaudov

Никој нема право да ја консумира слободата и во неа да ужива, ако претходно не ја заработил за друг. Оној што ова не го разбира, сам себеси се осудил на доживотно ропство, без право и можност за помилување. Ова е најскапоцената универзална вредност на човештвото, прифатена од сите слободољубиви и нормални луѓе, освен од кукавиците и колебливците кои својата слобода, а уште полесно слободата на другите, евтино ја продаваат во замена за лагодности и статус.

Деновиве, многумина добронамерно, други пакосно ме прашуваат дали др. Љубен Арнаудов ми е брат. Човекот потекнува од питомо, благородно и патриотско семејство од кое негови блиски роднини во изминативе два века одлежале околу 100 години робија за Македонија. Последниве триесетина години тешка робија одредена токму од татковците и дедовците на овие што деновиве го затворија и Љубен. Веројатно да ја заокружат нивната семејна традиција за прогонување на невини патриоти сега пратеници, а единствена нивна вина била што го сакале својот народ и својата татковина. Одговорот е да. Да, Љубен ми е брат, како што ми се браќа и сестри Јохан, Сашо, Крсто, Љупчо, Пешевска, Богдан, Владо, Игор и сите останати притворени. Браќа и сестри ми се и сите храбри луѓе кои секојдневно излегуваат на протести. Браќа и сестри ми се и глумците од македонскиот народен театар. Браќа и сестри ми се и сите слободоумни и праведни луѓе.

Ама, браќа и сестри ми се и премиерот и министрите, специјалците. Брат ми е и директорот на МНТ со својата несреќна изјава и права е среќа што операта на “Набуко’’ не се изведуваше во неговата установа бидејќи ќе ги казнеше и сите посетители. Браќа и сестри ми се бездушните кукли и панукли во обвинителствата и судовите. Но иако ми се сите браќа и сестри има голема разлика во почитта кон секој поединечно. Со некои се гордеам, на други им се восхитувам, пред повеќето капа симнувам и длабоко им се поклонувам, но од многумина се срамам, а најбројни се оние кои ги сожалувам.

Драги мои сограѓани цела Македонија денес е катакомба на цветот на човештвото, СЛОБОДАТА. Во Македонија денес царува стравот, молкот, недовербата, сомнежот и одлалечувањето еден од друг. Едната половина од народот стравува за себе, за своите блиски, за нивната сигурност, безбедност и егзистенција. Другата гласно молчи за да се офајди и да завземе некое незаконски ослободено место во хиерархијата во власта или да не си го расипе порано стекнатиот комодитет. Секој во секого се сомнева, брат на брат не верува и блиски пријатели се оддалечуваат. Сјајот на слободата од ден во ден забрзано потемнува. Птиците на небото се слободни, дивите животни во шумата, рибите во реките и езерата се слободни, слободни се и кучињата скитници низ скопските улици и паркови дури и глувците во влажните подруми се слободни.

Само луѓето за кои првенствено Господ ја насадил слободата, не се слободни. Многумина нашата Македонија ја нарекуваат библиска земја. За жал сега во Македонија Господ не е сам. Секој од нас на десното рамо го носи Господовиот ангел чувар, а на левото нечестивиот натемаго. Сега е време на левото рамо. Се разгоропадил, бестијално пробива со своите рогови, луѓето замрзнуваат од погледот на неговите црвени очи, гризе и јаде се пред него со запенавената и лигава муцка и збришува се зад себе со долгиот крастав опаш.

Како поинаку да си го објаснам ова еруптивно повампирување на колишевизмот во неговата најбрутална форма. Повторно како и во педесеттите години на минатиот век предавниците апсат патриоти и повторно за туѓи интереси. Но не можам, а да не се начудам на жестокоста што денес ја демонстрираат. Ако тогаш вазалите служеа на тоталитарниот недемократски режим  од Белград, ајде и некако да ги разбереш. Меѓутоа слугувањето на така наречените храмови на слобода и демократија во Брисел и Вашингтон мошне е зачудувачки и без оправдување за ваков свиреп прогон, досега незабележан во демократијата воопшто.

Неисе­! Продолжете вака одлично ви оди. Правопропорционално. Колку повеќе им припишувате измислени терористички активности толку поголеми маченици и херои од нив создавате. Не е чудо и крвавиот четврток по ваша вина да се трансформира во нешто што нема да ви се допадне. Но нешто друго мене ме зачудува. Секое цивилизирано, демократско и праведно општество живее во правилен круг во кој сите се еднакво оддалечени од центарот. Ова меѓусебно оддалечување на сите нивоа, кругот го развлекува во форма на елипса, го растегнува и на крај ќе премине во рамна линија. Тогаш престанува да постои организираното општество, а ние сите секој со својот дел од вината ќе се претвориме во најлош вид на терористи во очите на нашите идни генерации. Авто терористи кои со легален терор ја уништиле сопствената држава. Секако најмногу по заслуга на власта, но и на оние кои мудро молчат, опортунистите.

Затоа, ако воопшто некогаш требало да се стане во одбрана на слободата сега е моментот, додека се уште им е потребно време да се заврши унификација на мозоците подготвени од кројачите на СДСМ за еднакво толкување на слободата. Само во рана фаза на пружање на отпор може да се надеваме на резултати за обезбедување на вистинска слобода. Ако со отпорот се почека повеќе време се ќе биде залудно и секое друго толкување за значењето на слободата ќе биде ерес, неморално, дури и безбожно и спротивно на сите лажно изградени граѓански и општествени форми, принципи, правила и начела. Доколку подолго време не ја гледаме слободата ќе се одвикнеме од неа и ќе станеме неспособни да ја сфатиме разликата помеѓу понудената и вистинската слобода.

Сега нешто и за најодговорните, власта без функции, титули и хиерархија, затоа што до сега потврдивте дека со мали исклучоци сите сте исти. Сите луѓе имаме по две судбини. Една лоша и една добра. Имаме и два пата да ги изодиме кои се во сосема спротивни насоки. Едниот на монахот. Другиот на светецот.

Првиот. Славниот Микеланџело кога ја фрескописувал Сикстинската капела ликовите на светците, херувимите и ангелите ги обликувал според изгледот на своите сограѓани.

Така за ликот на Ангелот бил инспириран од едно младо стројно, чисто и непорочно монахче. И тука застанал. Никако не можел да најде лик што ќе го претставува ѓаволот. Три години не работел ништо се додека една вечер излегувајќи од една крчма не се сопнал на еден многу стар грд човек, извалкан и усмрден. И од кога конечно го насликал и ѓаволот според ликот на старецот и сфатил дека тоа е истото момче што му бил инспирација за Ангелот.

Вториот. Савле, најзакоравениот прогонител на христијаните. Тој при еден поход против Христијаните во Дамаск ослепел за подоцна да му се јави Синот Божји и да го прекори и преобрати при што му го вратил видот. Од тогаш се претвори во Прво Апостол и најголем пропагатор на христијанството прекрстувајќи се во Свети Апостол Павле и на тој начин успеал да ги извлече христијаните од катакомбите и да ги пресели во божјите храмови на светлината на денот. Ете, што значи покајување и добивање простување од Господ се гледа по тоа каде е денес местото на Свети Апостол Павле и сеопштото значење на христијанството во светот.

Вистинските луѓе не се сомневаат, тие веруваат и се надеваат. Надежта е добра работа, а добрите работи не умираат. Сакам да верувам дека ќе го одберете патот на Светецот. Во спротивно непознатата икс од новото равенство брзо ќе биде решена и ќе гласи:

Колешивизам = заевизам.

На крај ќе се обидам да парафразирам една мудрост и фигуративно да ја прилагодам на денешните состојби во Република Македонија.

Ако сакате одмазда ископајте две гробници. Една масовна гробница за жртвите терористи кои постојат само во вашите параноични глави и друга спомен костурница за Македонија.

И сосема, сосема на крај. Уште еднаш ве молам веднаш да престанете додека сеуште има време да го сеете вашето отровно семе врз оваа благородничка, плодотворна и дарителна почва.

Ќе ја пислјасате земјата за долго време, таа ќе стане тврда како бетон и неродна. Потоа и најквалитетното семе посеано на неа од други ќе остане на површината и од него ќе се нахранат само гаврани, страчки, чавки, кукавици и други птици грабливци кои немаат и не знаат за свои гнезда и насилно се сместуваат во туѓи.

Ламбе Арнаудов за Свест.мк

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top