На прво место

Доколку сега не реагираме ќе бидеме потсмев и поруга пред светот

Одкако виде Бог дека сé што е создадено е добро и благородно, му го предаде на човекот светот за со многу љубов и благодарност да го владее и да го уредува Божјото создание.

Првосоздадениот Адам паѓајќи во грев, ја наруши заедницата со Бога и место да излезе пред својот Создател со искрено покајание, тој одлучи да молчи, да се сокрие и неосновано и бесмислено да се оправдува.

Многу зла и нечестивост се направени во историјата на човештвото заради тоа што човекот пред неправдата молчел и пред вистината се сокривал. Денес, кога интензивно се работи на уништување на нашето древно име и на нашиот македонски идентитет, не смееме како македонски народ да ја повторуваме грешката на нашиот прародител Адам. Не смееме да молчиме и да замижуваме пред страшната неправда која ни се подготвува. Преку нашата негрижа и незаинтересираност стануваме соучесници во неправдата. Да не се плашиме јавно да ја кажеме вистината дека името на нашата татковина е Македонија, а нашиот македонски национален идентитет е потврден и запечатен во најсветата книга – Библијата и дека неброени биле жртвите и одрекувањата на нашите великани за нашиот опстој и национално напредување.

Доколку сега не реагираме ќе бидеме потсмев и поруга пред светот, ќе згазиме пред вечните идеали на нашите предци и ќе ја навлечеме на себе вечната осуда на нашите потомци. На „силните“ на овој свет им останува само силата и факт е дека тие можат да го заробат телото, но не можат да ја владеат душата на човекот. Со својата душа и со својата слободна волја владее само нејзиниот сопственик. Владеејќи се себе си да ги победиме стравот, зачмаеноста и апатијата кои го разурнуваат нашето општество и го обезличуват човекот. Да бидеме духовно силни и достојни за животот кој го живееме. Смирено, со многу љубов и со страв Божји да се бориме за зачување на своето вековно име и да не дозволиме да бидеме генерација од која во иднина ќе се срамат нашите синови и ќерќи.

Како македонски народ да ја искористиме оваа шанса и со надеж во Бога и во Неговата правда да го надминеме ова искушение и да станеме Негови соработници во промовирањето на добродетелта и благочестието.

Македонското име, кое од памтивек го носиме, е нашата сегашност и нашата светла иднина, па затоа јавно и достоинствено да го дигнеме својот глас и да го одбраниме она што сме го наследиле и она што како наследство чисто и неосквернето треба да го предадеме на идните генерации. Каде сте Македонци!

Пишува: Митрополит Повардарски Агатангел

Превземено од> Religija.mk

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top