На прво место

Македонски даб – симбол на вечноста

dabot beli

dabot beli

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и претставува вистинско природно богатсво. Името македонски даб го добива затоа што неговиот ареал е соодветен со територијата каде што со векови живее македонскиот народ. Покрај терминот македонскиот даб, постои и синонимот Тројански даб.

Дабот благодарение на својот изглед, издржливост и долготраен живот, се смета за симбол на моќта, издржливоста и долговечноста. Тој му припаѓа на добрите, на чистите и светите дрвја, а македонскиот народ во дабот отсекогаш гледал како на свет знак, полн со живот. Неговите лисја содржат апотрепејски својства, а во целина како дрво и лековита моќ.

Во споредба со другите дрвја, кај нашиот народ дабот имал најголемо значење во религиозниот живот. Според верувањата ја имал улогата на свето дрво, каде што во минатото, се одвивале религиозни обреди. Свештениците во Додона претскажувале преку шумолењето на лисјата од столетните дабови.

Дабот се поврзува со врховниот македонски бог Ѕавс, со Хера, Кибела, а Херакло(синот на Ѕавс и родоначалнник на Македонската кралска династија) имал топуз од дабово дрво. Од таму дабовиот венец го носат до денешен ден само крунисани глави. Се претпоставува дека првите венци кои ги добивале победниците на Олимписките игри, биле од дабови лисја, а дури подоцна од лаворови лисја.

На монетите на македонските кралеви се сретнуваат Ѕевсовите елементи како што се дабовиот венец, орел со молња, или само криласта молња и др. Тоа се атрибутите на врховниот македонски бог Ѕевс. Македонските кралеви преставувајќи ги овие елементи, кои го навестуваат новиот ден што се раѓа, оној кој дарува светлост, топлина и живот, истовремено го молат Бога да ја сочува Македонија.

Дабот ја задржал улогата на место каде што се извршувале разни обреди и по појавата на христијанството, не само кај македонскиот народ туку и кај другите венетски народи. Интересен е примерот од „Споменот и житието на блажениот учител, наш Константин филозов“, каде хроничарот ќе забележи: „Кај фулскиот народ(Алани – сарматско племе) имаше огромен даб, срастен со цреша, и под него принесуваа жртва, наречувајќи го Александар“. Правдајќи се пред прекорот на Филозофот дека е недостојоно да го поистоветуваат со личност, и дека ќе горат во вечниот оган ако се клањаат на бевредно дрво наменето за оган, тие ќе речат дека „Ние не сме го започнале да го правиме ова сега, туку сме го превзеле од татковците….“ . Откако Константин ги убедил, со секира го исекол дрвото со 33 удари Симболично но бројот на ударите соодвествува со годините на овоземскиот живот на Александар но и на Исус.

Не можејќи целосно да се искоренат одредени народни обичаи од паганската религија, тие се вклопуваат во христијанската религија. Во некои места кај нас се до денецшо време, дабот служи како место каде што се вршат религиозни дејства во присуство на свештеник.Танас Вражиновски во својата Македонска народна Библија наведува повеќе примери на религиозните обреди кои се изведуваат покрај старите дабови. Така на пример, тој ќе го наведе случајот со „познатиот даб во с. Вирче, Делчевско: Одевме на црква каде него и до денес одиме, наречен Ѓурѓов даб. Кога дојше за богомоление идевме таму кај него, курбање колеја, па ко ќе заврши курбањ одевме пополека, попо го земаше котлето вода, роси по нивјето, свети води, некакви. Тоа е религиозно дрво. Овој даб се дарува со разни дарови за добро здравје: Дабот се дарува, ама не останува на него. Таму кај дабот. Това го дава домаќинот за здравје, како у црквата или у некој манастир како подареш за здравје“

Македонскиот народ верува во лековито својствена на дабот, односно на водата која вообичаено извира од под него. Тоа Вражиновски го поткрепува со примерот од селото Чумово, Прилепско, каде постои огромен и стар даб од чии корени извира вода. „Се смета дека водата е лековита и во одредени денови луѓето одат да се мијат и пијат од неа, оставајќи разни дарови на неговите гранки“. Такви дабови постојат и во други делови во Македонија. Според тоа, дабовите како свети дрвја, а тие кои се наоѓаат на таканаречените ваковски места не смеат да се сечат. Не смеат да се гибаат дури ни паднатите дабови од старост зошто тие имаат лековити својства. Народот верува дека секој што ќе се обиде да го сторат тоа, можат тешко да се разболи или да умре.

За да ги заштитат дабовите и нивните лековити својства, народот ги плете приказните дека се тие самовилски дрвја, каде под гранките се собирале самовилите и ги правеле своите свадби, свирејќи на разни инструменти и играјќи разни ора. Луѓето не можеле никогаш да ги видат самовилите, но ги слушале нивните гласови.

Дабот зазема посебно место во обредната практика. На пример, на Божик, гранки од даб се закачуваат на куќите, за да биде родна годината, да има бериќет и здравје во куќата. Денес на Бадник осветени бадниковите гранчиња бесплатно се делат на верниците, а се започна во 1991 година.

Позната е приказната за бабичката која на пазарчето Буњаковец сакала да купи крувчиња, јаболчиња и костени за коледарчињата кои ја носат радосната вест за Исусовото раѓање. Таа сакала да купи и бадникови гранчиња но немала доволно пари и заминала натажена накај дома. Трогнат од оваа случка скопјанецот Александар Пановски – Мац, ќе и купи на бабичката бадникови гранчиња, но тоа ќе го потикне заедно со своите другари да започне една племенита акција за бесплатно делење на бадниковите гранчиња за Бадник, акција која ќе се прошири и ќе трае и ден денес. На овој радосен ден, кога Исус се роди, народот се радува, се дружи и се сплотува, а тоа е толку потребно во ова време на осаменост и отуѓеност.

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top