На прво место

Започна Движењето “Ние Сме Македонија” со Протест во Вашингтон

1svekrva copy copy copy copy

Започна Движењето “Ние Сме Македонија” со Протест во Вашингтон

1

Денес, 14 Јануари 2018 година, започна движењето “Ние сме Македонија” организирано од повеќе Македонски организации од дијаспората.

Македонски граѓани од Вашингтон, Мериленд, Вирџинија и Њу Џерси, одржаа едночасовен мирен протест пред Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон.

Протестот започна со интонирање на Македонската химна, по што со пароли и слогани Македонците ја искажаа својата загриженост за политичките настани во матичната татковина, Република Македонија. Посебен акцент се стави на тековните разговори околу спорот за името со Грција, изгласаниот противуставен и крајно загрижувачки закон за јазици и разнебитувањето на унитарноста и сувереноста на Република Македонија.

3

На Амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена Декларација во која се наведени 5 барања до Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија.

Движењето “Ние сме Македонија,” ги повикува сите Македонци во светот и матичната држава, организирани преку македонски здруженија и организации во светот, да се приклучат на ова движење и да дадат подршка за декларацијата.

Следниот протест ќе биде во среда, 17ти јануари, пред Обединетите Нации во

Њу Јорк.

Повик до Македонската Дијаспора

Македонци,

Ве повикуваме да се вклучите и присуствувате на мирните протести што ги организира движењето Ние Сме Македонија заради

1.Одоворност на секој од нас да го брани и негува вековното име, идентитет, јазик и култура

2.Одговорност на секој од нас да им помогне и ги поттикне нашите сонародници во Македонија заедно со нас во дијаспората, да не се плашиме и да ја креираме иднината на Македонската нација каде и да живее, да ја штитиме и промовираме унитарноста на државата, и преку организирање мирни и достоинствени протести да го изразиме своето несогласување со политиката на актуелната влада околу

-Разговорите за името на Македонија и непочитување на пресудата од Меѓународниот суд на правдата

-Двојазичност и федерализација на Македонија

-Редефинирање на историјата на Македонија и договорот за добрососедство

-Кршење на Уставот на Република Македонија

Да го афирмираме нашиот став за горенаведениве точки пред инситуциите на државите, во кои живееме, и пред Обединетите Нации затоа што знаеме дека вистината и правдата се на наша страна. Можеме да се разликуваме по политички определби, по размислувања, но горенаведениве точки се, и треба да бидат над се,

Само обединети, со личен ангажман и масовно присуство можеме да успееме да се одбраниме пред еден од најсериозните напади и навреди на Македонизмот октако постои,

Затоа приклучете се и дојдете на нашите протести

СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ЊУ ЈОРК НА 17 ЈАНУАРИ ВО 10 ЧАСОТ ПРЕД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ.

Ве очекуваме и поздравуваме

Движење Ние Сме Македонија

Декларација на Македонските организации во дијаспората

Ние, Македонците од Дијаспората, го известуваме Македонскиот народ во матичната татковина, Република Македонија, дека денес, недела, 14ти Јануари, 2018 година, пред Амбасадата на Република Македонија во САД, протестираме против Владата на Република Македонија и пратениците на Собранието на Република Македонија, и ги известуваме дека дијаспората започнува масовно движење на Македонците во светот, Ние Сме Македонија, со единствена цел зачувување на засебноста на Македонецот како рамноправен и почитуван член во светското семејство, без нарушување на македонскиот иденитет, јазик и култура, и унитарноста на државата.

Ние Македонците во светот,

1.најостро ги осудуваме тековните разговори со Грција околу името на Република Македонија,

2.најостро го осудуваме неодговорниот и незаконски чин на пратениците во Собранието со изгласувањето на неуставниот закон за јазици

3.најостро го осудуваме разнебитувањето на унитарноста и суверенитетот на матичната држава.

Декларативно, користејќи ги сите алатки кои ни се на располагање, како и уставно загарантираното право на глас како Македонски граѓани и горди Македонци, јавно изјавуваме дека дијаспората цврсто стои во одбрана на вековното македонско битие што ни е оставено во наследство од минатите генерации Македонци. Нашата цел e одбрана на идеалот за кој низ историјата го положија својот живот многу патриоти и бранители на Македонија – суверена и независна Македонска држава на Македонците и сите малцинства што живеат во државата, а не федерализација или бинационализација на единствената држава сирум светот што Македонците ја нарекуваат своја татковина.

Притоа бараме

1.Итен прекин на разговорите околу името на државата што Владата на Република Македонија ги води во тајност под покровитество на ОН, и неменување на уставното име – Република Македонија, и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото,

2.Ставање вето од страна на Претседателот на државата на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошнен процес во Собранието на Република Македонија,

3.Oрганизирање попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација,

4.Неменување на историјата на Македонија, статусот на МПЦ – ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави.

5.Доколку Владата на Република Македонија не е способна да го стори горенаведеното, тогаш повикуваме на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање на непосредни избори каде што и на македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност.

Движењето “Ние Сме Македонија” под кое се застанати Македонски организации и здруженија од светот, АКТИВНО и ЈАСНО ја изразува својата декларативна заложба дека активно ќе ги искористи сите средства со цел да го оневозможи најголемото разбитување на Македонскиот народ и понатомашното уништување на унитарноста на државата.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top