На прво место

ЕДНАКВА СУВЕРЕНОСТ ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА!

14

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ЕДНАКВА СУВЕРЕНОСТ ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА!

18 јануари 2018 година, Тирана, Албанија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на албанскиот премиер Еди Рама од 14 јануари на Младинскиот форум на албанските социјалисти, дека Социјалистичката партија чиј претседател е тој има врска со формирањето на ОВК и “војната на Косово со соседна Србија“ и “решавачки придонела за донесувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Собранието на Република Македонија со што албанскиот јазик добива статус на втор службен јазик“, и смета дека таа претставува натамошно грубо мешање во внатрешните работи на Македонија, во намерата Албанија и понатаму да ја турка таканаречената “тиранска платформа“.

СМК повторува дека таканаречената “тиранска платформа“ ја редефинира државноста и унитарноста на Македонија, воведува двојазичност на целата територија и во меѓунардоните односи на Македонија, и врши дискриминација на малцинските етнички заедници во еднаквоста пред Уставот и законите.

СМК оценува дека односите меѓу Македонија и Албанија мора да се градат врз основниот принцип на меѓународното право – еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и народи и реципроцитет во меѓусебните односи: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!

СМК апелира во односите со соседните држави, власта во Македонија сериозно да се придржува на еднаквата сувереност, како единствена гаранција за добрососедските односи и мир и безбедност во регионот!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top