На прво место

НАТО НЕ Е ДОСТОЕН ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА

14

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СТОЛТЕНБЕРГ ГО НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НАТО НЕ Е ДОСТОЕН ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

18 јануари 2018 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со разочарување го проследи обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Собранието на Република Македонија, бидејќи ниту еднаш не го спомна името на државата во чијшто Парламент се обраќа.

СМК го осудува барањето на Јенс Столтенберг за промена на името на државата и идентитетот на нацијата во закондоавниот дом на државата Македонија!

СМК изразува разочарување од пратениците во Собранието на Република Македонија, од кои ниту еден вербално или со транспарент не му даде до знаење на Јенс Столтенберг дека се обраќа во Парламентот на државата Македонија, дека е достојно барем еднаш да го каже името на државата каде што престојува.

СМК ги поздравува сите пред Собранието кои изразија револт против НАТО Алијансата.

Македонците и натаму бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, со нота од Претседателот на Републиката до Генералниот Секретар и Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, (соодветно на Република Ирска и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

СМК ја предупредува Владата дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија, слобода на уверувањето, совеста, мислата и нејзино јавно изразување, ниту слобода на говорот, туку флагрантно кршење на меѓународното право и на Уставот на државата Македонија, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува, како и најтешко кривично дело велепредавство, што ќе биде казнето со доживотен затвор и конфискација на целиот имот на семејството, дома и во светот!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top