На прво место

ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА НЕ Е РЕЛЕВАНТНА ЗА ЈАЗИЧНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА НЕ Е РЕЛЕВАНТНА ЗА ЈАЗИЧНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА!

20 јануари 2018 година, Рим, Италија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за нерелевантна ја смета Венецијанската комисија по Законот за употреба на јазиците, бидејќи јазичните права се дел од внатрешниот правен поредок на Македонија!

СМК смета дека Венецијанската комисија не е надлежна по Законот за употреба на јазиците, бидејќи јазичните права во Македонија ги надминуваат стандардите на меѓународното и европското право!

СМК потврдува дека одлуките на Претседателот, Собранието и Уставниот суд на Македонија за постапките во врска со владиниот Закон за употреба на јазиците не зависат од мислењето на Венецијанската комисија!

СМК изразува разочарување од Владата за манипулациите со јавноста дека чека мислење од Венецијанската комисија по Законот за употреба на јазиците, Собранието да го усвои тој Закон без тоа мислење, а откога претседателот на Републиката не го потпиша указот за негово прогласување повторно да шпекулира дека се чека мислење од Венецијанската комисија.

СМК ја повикува Владата безусловно да го повлече Законот за употреба на јазиците и да го врати на јавна дискусија и стручна валоризација.

СМК ги повикува пратениците да не го усвојат Законот за употреба на јазиците при повторното разгледување!

СМК и натаму бара Претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и при повторното усвојување во Собранието, иако Е ДОЛЖЕН по Устав, но тоа не значи дека МОРА, бидејќи не е во согласност со Уставот на Република Македонија и со изјавата на премиерот при доверувањето на мандатот за состав на Влада од 24 мај 2017 година, а Владата нема двотретинско парламентарно мнозинство за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Републиката!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top