На прво место

Имаме библиско име Македонија кое не трпи компромиси

edno-ime-imame

edno-ime-imame

Имаме библиско име Македонија кое не трпи компромиси. Име кое секој во светот го познава и со стравопочит го изговара. Име бренд, чие право денес сака да го оспорува Грција. Дали тоа значи дека треба да попуштиме пред Грција и да си го смениме нашето уставно име? После се` што има поминато македонскиот народ, особено од 1913 година до денес, одговорот е НЕ.

Никој нема право да тргува со нашето древно име кое не трпи компромиси.

Поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор од 1913 година, чии делови ги анектираа нашите соседи, потоа дистанцирањето од древните Македонци поради комунистичката политика и единство на словенството по Втората Светска Војна, како и прифаќањето во 1993 година на референцата ПЈРМ од страна на Киро Глигоров, се основните причини поради кои денес го имаме неметнатиот спор со Грција.

Изминаа повеќе од две децении од осамостојувањето на Македонија, по што Грција го наметна спорот околу името.

Изминаа многу години на преговири меѓу Грција и Македонија.

Меѓутоа, во овој период, Грција постојано го прекршува членот 11 од Времената спогодба во кој се вели дека Република Грција не смее да го попречува аплицирањето на Македонија за членство во меѓународни организации, ниту пак самото членство, доколку Македонија и Грција во тој процес постапуваат согласно воспоставените норми.

Грција постојано го опструира членството на Македонија во ЕУ и НАТО и покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Притисоците и уцените на Грција, Македонија да го смени името доколку сака да влезе во ЕУ и НАТО, континуираното држење на дистанца на Македонија од евроатланската интеграција не се рационално решение. Тоа може дополнително да ги усложни односите на балканските соседи, што не се во интерес ниту на ЕУ, ниту на НАТО. Грција со своето уценување на Македонија, дефинитивно го нарушува економскиот, трговскиот, односно безбедносниот приоритет на ЕУ и НАТО на овој дел од Балканот.

Изминатите години на преговори покажува дека не е само во прашање името, туку дека се работи и за идентитетот на македонскиот народ. Тоа го сфатија сите, но заради сопствените интереси, САД и ЕУ немаат решение за да ја притиснат Грција.

Во такви услови притисокот се сведува врз нашата земја, иако тие се свесни дека за разлика од Грција, Македонија има поголема заслуга за стабилноста на Балканот, но и во борбата против тероризмот во светот. Оттука постојано го слушаме одговорот од меѓународната заедница: „Решето го спорот со името, ако сакате да бидете дел од ЕУ и НАТО“.

Време е светот да го види огромното културно наследство на Македонија, време е Европа да сфати дека додека на територијата на Република Македонија постоела развиена цивилизација, тие далеку заостанувале.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top