На прво место

Андартската акција во Македонија

etiki-eterija

etiki-eterija

„Андартската акција во Солунскиот санџак од самиот почеток се одвиваше со  очигледна соработка со локалните турски бегови, полјаци, килдџии, кехаи и професионални разбојници, Турци и Албанци. Кон андартското движење се придружија и цели турски села, како што се Сарѓол, Балџа и многу други. Треба да се забележи дека во сите заеднички грчко-турски акции во Македонија, бандитите не се ограничија само на убиства и опожарувања, туку исто така извршуваа грабежи и други злодела.“ – пишува Христо Силјанов во своите книги посветени на македонското револуционерно движење и ослободителните борби на Македонија,

По поразот во Илинденското востание 1903 година, четите на Македонската револуционерна организација ја продолжија борбата не само со турскиот аскер, туку и со вооружената пропаганда на аспирантите на македонската територија под турска власт. Во текот на 1904 и 1905 година на територијата на Македонија дејствуваат чети на српската и грчката вооружена пропаганда. Во овој период, грчката вооружена пропаганда која ја потикнува омразата на поделениот македонски народ на патријаршисти и егзархисти и со помош на турскиот аскер, башибозукот и арнаутските разбојници врши вистински геноцид врз македонскиот народ.

Христо Силјанов (1880 – 1939), активен деец на Македонската револуционерна организација, кој по Првата светска војна, како историчар пишува книги посветени на македонското револуционерно движење и ослободителните борби на Македонија, во однос на борбите со грчката вооружена пропаганда во текот на 1904  и 1905 година, во продолжение ни дава слика за убиствата и за теророт кој се врши врз македонскиот народ. За настаните од овој период тој ќе забележи:

„Меѓусебното прогонство растеше дури и во самиот вилатески центар. Грчкиот комитет и грчката митрополија во Битола наоѓаа интерес да ја подгреваат омразата на своите приврзеници против (Македонците –н.з.) и Романците, преку постојани предизвикувања и терористички атентати. Под носот на турската полиција, банди, составени главно од погрчените Власи, премногу често предизвикуваа скандали и тепачки по улиците. На 28 февруари, ден на карневалот, една голема толпа беснееше надвор од градот. Непречена од никого, таа претепа неколкумина минувачи и го повреди … Б. Галев. Истата вечер, таа толпа насилно влезе во егзархискиот пансион за девојки, ги врза и претепа до бесвест слугите, и ограби и опустоши се што можеше. Во сред врескањето и лелекањето, ученичките побараа спас во соседните (егзархиски – н.з) куќи. Фактот дека полицијата се појави со задоцнување од цели два часа, за да го ослободи нападнатиот пансион, даде добар повод странците кои живееја во градот да направат свои заклучоци за непристрасноста на турската власт и особено за неслучајното доцнење на турската војска за време на андартските напади по бугарските села.

Вреди да се забележи дека од десеттината обиди против (Македонците – н.з.) кои се случија во текот на годината, само еден успеа целосно. На место беше убиен гимназискиот учител Хр. В’лканов. Др. Владов, застрелан со четири куршуми, првенецот Данаил Ризов, драгоманот на (бугарското – н.з.) кнежевското агентсво Наум Христов и сите други нападнати, останаа живи.

Се разбира, грчките предизвици не останаа неодговорени. Одделни (Македонци н.з), пак, одговорија на нападите со напади. Двајца истакнати членови на грчкиот комитет, Тирче Танти и Михаил Папајани, беа убиени со одлука на самата Организација. Извршителите не беа уапсени, но полицијата уапси десетина (Македонци н.з). Уште на третиот ден по атентатот, вонредниот суд осуди двајца од уапсените, Петар Христов и Стојан Христов, на смрт со бесење. Пристраноста на судот беше така демонстративно што цивилните агенти сметаа дека е нужно да се запази за законската постапка.“

Хрусто Сиљанов наведува дека „според англискиот мајор Војвани, кој неколку недели патувал низ Костурско и другите области, бројот на андартите кои дејствуваа во 1905 година во битолскиот вилает изнесувал 800-1000 лица. Меѓутоа, тој наведува и една друга статистика на А. Тошев, во која се вели дека „од почетокот на андартската акција до пролетта во 1905 година, околу 2.800 андарти ја преминале грчката граница.“

Македонската револуционерна организација лесно би се справила со андартските чети без разлика на нивниот број доколку ја немале поддршката на локалните турски власти. Сиљанов за оваа поддржка и за злоделата кои се извршени врз македонскиот народ вели:

„… Андартската акција во Солунскиот санџак од самиот почеток се одвиваше со  очигледна соработка со локалните турски бегови, полјаци, килдџии, кехаи и професионални разбојници, Турци и Албанци. Кон андартското движење се придружија и цели турски села, како што се Сарѓол, Балџа и многу други. Треба да се забележи дека во сите заеднички грчко-турски акции во Македонија, бандитите не се ограничија само на убиства и опожарувања, туку исто така извршуваа грабежи и други злодела.

Davelis-Underwood

Најголемото грчко-турско злодело во 1905 година беше извршено на 4-ти јануари во селото Мрвенци, Дојран. Околу 40 разбојници, Турци и Грци, го нападнаа селото и заробија 26 први селани под изговор дека ќе ги однесат во Дојран. Во исто време, сите куќи беа ограбени, а една невеста, Велика Христова, беше силувана од грчки капетан. На околу четврт час од селото врз селаните беше пукано. Дванаесет лица на место беа убиени и двајца сериозно ранети.

На 3 март, андартите ја нападнаа и ја уништија со динамит до темели куќата на свештеникот Ив. Митов во селото Попово, пак Дојранско.

Грчко-турската банда беше формирана и за дејствување во Петричко, со таа разлика што таму бандитите не ги напаѓаа села, но ги убиваа (Македонците – н.з) по патиштата и во полето. Во текот на месец август, кај селото Клуч, беа најдени мртви телата на четворица (Македонци – н.з) што беа убиени од споменатата банда.

Во овој период, во целиот санџак најмногу жртви даде и најмногу борби против андартите и војската се водеа во Воденската околија. За тоа сведочат, според една статистика на Воденскиот револуционерен комитет објавена во „Македонсо-одрински преглед“ ( г. I, бр. 8, 10. Х. 1905.) следните бројки:

Од 26 септември 1904 до 1 јули 1905 година, односно во текот на 8 месеци, воденските чети имале 12 борби со андартите, при што имаа двајца убиени и двајца ранети четници, а од населението под андартскиот нож и куршум загинаа 33 (Македонци – н.з.) и 8 Власи. Така на пример во август, андартската чета на најбрутален начин убија 6 лица од селото Месимер, кога одеа со својот свештеник на богослужба во манастирот Св. Троица. На 24 септември, антарската чета сретнала меѓу селата Влкојаново, Лесковец и полето 22 (Македонци – н.з.) и убила голем дел од нив и т.н.

Во 1904 година, борби се случиле на следните места: во с. Месимер на 26 IX ; Полјани 14. XI., Гугово 18. XI., Бахово 7. XII; во 1905 година – манастир Св. Продром 30. I. Месимер 2. II. Месемер 24. III., Галишани 13. IV., Георгиеви колиби  на Ниџе Планина 7. V., Граматиково 22. V, Галишани 30. V, и Епископија 27. VI.)

Во периодот од 21 февруари до 1 август 1905 година (воденските чети – н.з) водеа 7 борби со аскерот. Тие се борбите кај: селото Месимер на 21. II., селото Жерве 11. III.,  селото Цармариново 27. VI., Месимер 27. VI, Градешница 5. VII., Пожарско 10. VII., Луковец 1. VIII.

Во текот на 5 месеци, 10 четници беа убиени и 7 ранети.

Во истиот период, непосредно после борбите од војска и башибозук или поединечно од Арнаути и Турци, од населението загинаа 61 лица. Поголемиот дел од жртвите биле дадени во селото Герва на 11. III. 1905. Бесни поради неуспехот во борбата со локалните војводи Џоле Стоичев, уште наречен Агеш Паша и Тане Горниковски, аскерот го запали целото село. Од сите 45 куќи останале само 4, а од населението загинаа, убиено од армијата и башбизука или живи изгорени, 54 лица, мажи, жени и деца…

Во текот на десетина месеци, меѓу населението имаше 102 загинати и 5 ранети.“

Меѓутоа, етничкото чистење на Македонците кое го спроведувааа четите на грчката вооружена пропаганда по Илинденското востание не застануваат тука. Тие со несмалена жестина ќе продолжат да дејствуваат.

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top