На прво место

25,000 долари од Нимиц за главната Конгресменка на Грчкото лоби во САД

25,000 долари од Нимиц за главната Конгресменка на Грчкото лоби во САД

Од 1995 година до 2017 година, конфликтниот медијатор на Обединетите Нации Матју Нимиц има донирано вкупно 25,000 долари во кампањата на Конгресменката Каролин Малони, демократ од Њу Јорк, која е основач, воедно и ко-претседавач на Конгресната Група за пријателство со Грција. Исто така, Нимиц има донирано финансиски средства и во кампањата на поранешниот Сенатор Сарбејнз кој е со Грчко потекло. Овие информации можат да се најдат на официјалната вебстраница на Федералната Изборна Комисија на САД. https://www.fec.gov

Конгресменката Малони ја основа оваа Конгресната група за пријателство со Грција во 1996 и всушност е претставник на една од најголемите Грчки заедници надвор од Грција и Кипар. Оваа група на Малони има 5 цели, од кои една е и за односите на САД со “поранешната Југословенска Република Македонија” како што пишува на нејзината вебстраница. Малони редовно поднесува анти-Македонски резолуции во Конгресот на САД против Македонија и декларативно е против членството на Македонија под уставното име во НАТО. Малони беше голем противник на признавањето на Македонија под уставното име во 2004 од страна на САД од тогашниот Претседател Џорџ Буш. Кога Хилари Клинтон беше Државен Секретар, Малони испрати писмо до Клинтон со барање САД да го повлече признавањето на уставното име на Македонија. И денес Малони редовно пишува статии против Македонија и оддржува говори во Конгресот и пред Грчката заедница против Македонија.

Обединета Македонска Дијаспора јавно прашува дали Претседателот на Република Македонија, Владата, Собранието и Опозицијата сеуште ќе продолжат да ги занемаруваат и премолчуваат овие факти, каде повеќе од очигледно е дека се ништо друго освен конфликт на интерес на наводно неутралниот Нимиц: лични донации, купување на Данска банка со оддел во Грција во 2005 година кога Нимиц обавувал функција на главен оперативен директор на фирмата Генерал Атлантик, и последниот конфликт т.е. нововработената асистенка на Нимиц која има Грчко потекло.

ОМД инсистира од државниот врв, Македонија под итно да ги прекине разговорите кои се водат под покровителство на ОН и да бара од Генералното Собрание со резолуција Републиката да го користи уставното име во сите меѓународни односи и односи со ОН.

ОМД е спремна и стои на распологање преку својата мрежа да придонесе и да и помогне на Македонија за започнување и продлабочување на релации со политичките претставници во САД и ОН, како и да придонесе во економскиот развој на државата.

Дијаспората е најголемиот инвеститор во Македонија, цврсто стои во одбрана на името, идентитетот, јазикот, и нацијата, и нема да дозволи матична Македонија да навлезе во безбедносна, политичка и економска нестабилност.

Обединети, Можеме!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top