На прво место

Ќе се бара индивидуална одговорност според новите правила и принципи наметнати од СДСМ/СЈО

gruevski

gruevski

Ако против мене и против други партиски и владини функционери водат истраги и поднесуваат обвиненија за работи за кои одлука донел Парламентот на Република Македонија со гласање закон, како што се прекинот на пописот и договорот за градба на двата автопати, при што за ова второто, за автопатите гласала и СДСМ, каква ли ќе биде одговорноста еден ден за законот за употреба на јазиците кој кога би стапил на сила, освен политички би имал сериозна финансиска импликација на Буџетот, а плус е неуставен и во незаконска постапка и насила „поминат“ во Парламентот. За него сигурно „не разговарале“ и „не го договориле“ Заев и Ахмети…

Па потоа за анексот на договорот за автопатиштата кој го склучија и тоа со компанија која според СДСМ/СЈО незаконски сме ја одбрале.

Па измената на законот за администрација од јануари годинава со која се овозможи СДСМ да го започне проектот за илјадници партиски вработувања, на сметка на државниот буџет. И за тој закон сигурно Заев и другите од власта „не разговарале и не договориле ништо“ , туку законот паднал од Марс директно во Парламентот и се изгласал…

Па за еден куп други владини одлуки и одлуки на Парламентот, за кои ќе се бара индивидуална одговорност според новите правила и принципи наметнати од СДСМ/СЈО, кои можат да се поткрепат, ако не со креирани снимки, тогаш со „два сведока“…
Па тек за името кога ќе дојде…..ќе биде забавно…

Инаку уште не можам да се изначудам и изнасмеам на онаа ептен интелегентна „досетливост“, како јас и Али Ахмети по две години подготовка на пописот, гласање закон за тоа, формирање пописна комисија од 25 луѓе, работа на тие луѓе, сите можни детали во подготовките, баш кога почнал пописот сме се сетиле дека бидејќи имало многу иселени од Македонија, ако дозволиме да заврши пописот ќе се видело колку се иселени и ќе сме загубеле гласачи на избори.

Значи не сме се сетиле на тоа кога се носел законот за попис во Парламент, а по предлог на Владата, ниту низ целиот период на подготовки, ниту на неколку дена или недели пред да почне пописот, туку баш неколку дена откако почнал.

Ваква итроштина може да смисли само обвинител кој обвинителската работа ја гледа исклучиво како „отскочна даска“ за влез во политика и по можност кандидатура за Претседател на државата, за доаѓање до таа цел очигледно некој смета дека треба да се смислат приказни за забава на народот, да се обвинат политичари за да се влезе во политиката.

Никола Груевски

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top