На прво место

ДОКУМЕНТАРНАТА СЕРИЈА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ДОКУМЕНТАРНАТА СЕРИЈА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ НАСКОРО  И НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ПРЕД ТВ АУДИТОРИУМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Спорот што Република Македонија го има со Грција околу името на нашата држава и народ е од ИСТОРИСКИ КАРАКТЕР. Имињата „Македонија“ и „Македонци“ се антички имиња, па според тоа, Грците пред светот тврдат дека ние денешните Македонци немаме право да ги носиме овие антички имиња, затоа што во антиката Македонија и Македонците биле „грчки“. Меѓутоа, историската вистина е сосема поинаква! За жал, нашите досегашни влади не направија ниту отворен, ниту дискретен напор, историската вистина, според која Македонците во антиката не биле никакви „Грци“ да почне систематски да се шири пред светот.

Во 2016 и 2017 година на Youtube е поставена документарната серија на англиски јазик под наслов “THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK” („АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“) од авторот Александар Донски (во продукција на австралиско-македонската продуцентска куќа LHЕG на продуцентот Џим Стефан и ко-продуцентите Горан Котев и Андрија Петревски, сите од Сиднеј), во која во четириесет епизоди се презентирани сведоштва од над ПЕДЕСЕТ антички автори кои сосема јасно пишувале дека античките Македонци не биле никакви „Грци“, туку посебен народ со свој јазик и култура. Сите епизоди од серијата (заедно со нивните текстови на англиски јазик) можете да ги погледнете на http://www.macedonianswerenotgreeks.com/ или да ги побарате директно на Youtube (преку впишување на насловот на серијата). Оваа серија веќе нанесува непоправлива штета на грчката пропаганда пред светот. Првата и ударна епизода досега има над 45.000 прегледи на Youtube, а оваа бројка секојдневно се зголемува. Во април 2018 година грчките шовинисти се обидоа да ја отстранат оваа епизода од You Tube, но по само еден ден, истата повторно беше вратена, а авторот Донски го искористи овој нивни неуспешен обид за уште поголемо рекламирање на серијата.

Во серијата “THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK” („АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“) практично е претставена најголемата во светот збирка на антички сведоштва за  посебноста на античките Македонци и разликите помеѓу нив и „Грците“.

Поради фактот што оваа серија е снимена само на англиски јазик и истата е наменета за публиката од англиското говорно подрачје, како и за оние што добро го знаат англискиот јазик, под итно беше потребно, во овие мигови додека траат преговорите за името, истата да се преведе (титлува) и на македонски јазик со цел да се објави и пред јавноста во Република Македонија!

Благодарение на МАКЕДОНСКАТА ГЛОБАЛНА КООРДИНАТИВНА МРЕЖА од Канада со основачот Боби (Боне) Темелков, пред извесно време обезбедени се средства за титлување, адаптација и техничко уредување на сите 40 епизоди од серијата на македонски јазик, а веќе е разговарано со позната национална ТВ во Македонија, која целосно ќе ја емитува серијата. На ваков начин, историските факти за посебноста на античките Македонци, ќе станат достапни до целата македонска јавност, а посебно на политичарите кои ќе можат да се стекнат со историски знаења (и тоа директно од антички извори) дека античките имиња Македонци и Македонија, кои ние денес ги носиме, никогаш во историјата не биле „грчки“, па затоа Грците немаат никакво историско право да бараат промена на нашето име!

Во серијата, помеѓу другото, ќе бидат претставени бројни сведоштва од антички автори. Така, на пример, античкиот историчар Аријан (I и II век.) напишал дека (цитат): …„старо РАСНО РИВАЛСТВО помеѓу Грците и Македонците“ владеело за време на Битката кај Ис во која над 30.000 Грци се бореле на страната на Персија против Македонската војска. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф, пак, напишал дека Македонците и Грците помеѓу себе комуницирале преку преведувачи, додека Демостен, Тразимах и Хесихиј ги опишале Македонците како „барбари“ (луѓе кои не зборуваат грчки). Античкиот историчар Јустин, пишувајќи за македонската окупација на грчките територии, констатирал (цитат): „Филип… ја наметна моќта на Македонија како ропски јарем околу вратот на Грција и Азија“. Павсанија (II век) напишал дека (цитат): „Сите Грци се плашеа од Македонците и од Антигон“… и уште многу други сведоштва од НАД ПЕДЕСЕТ антички автори. Некои од нив се: Arrian, Appian, Agrippa II, Dexippus, Demosthenes, Dicaearchus, Dionysus Caliphontes, Dionysus of Halicarnassus, Dio Chrysostomos, Diodor of Sicily, Dio Cassius, Eutropius, Eusebius of Caesarea, Aemilius Sura, Aechines, Isocrates, Zosimus, Isidore of Sevilla, Johanes Malalas, Josephus Flavius, Justin, Quintus Curtius Rufus, Herodotus, Pausanias, Polybius, Claudianus, Clement of Alexandria, Marcus, Velleius Paterculus, Cornelius Nepos, Praxagoras of Athens, Pseudo Scylax, Pseudo Scymnus и многу други. СЕТО ОВА НАСКОРО ПРЕД ТВ АУДИИТОРИМОТ ВО РЕПУБИКА МАКЕДОИЈА!

Потоа серијата “АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ” титлувана на македонски ќе биде ставена и на Youtube и истата нашироко ќе биде промовирана.

Александар ДОНСКИ

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top