На прво место

Господине Жбогар, како Словенец засрамете се

„Господине Жбогар, како Словенец засрамете се, јазикот на Блаже Конески е македонскиот јазик“

„Г-дине Жбогаааар…. ‘јазикот на Конески’ има име и е македонски. Како Словенец засрамете се. Ако мислите со вакви финти да се провлекувате до референдумот, а во негова корист – грешите. Ги стимулирате неговите опоненти”. Ова е реакцијата на фејсбук на професорот Никола Поповски и поранешен пратеник и министер на СДСМ на денешното излагање на евроамбасадорот.

Самуел Жбогар, евроамбасадорот во Македонија денеска го најави почетокот на кампањата за серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно!“, што во наредните неколку седмици ќе се спроведува во повеќе градови во земјава. Во таа прилика тој изјави: „Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја-членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската Унија преведен како никогаш порано. Да бидеме сведоци на посилен интерес на вашата култура, јазик и идентитет, што ќе резултира со зајакната самодоверба како нација“, рече Жбогар.

На оваа негова изјава на фејсбук реагираше и Елка Јачева-Улчар, професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Таа на словенечки јазик напиша: „Почитуван господине Жбогар, јазикот на Конески, Матевски и на Димковска е наш јазик, јазикот на сите Македонци, а тој јазик има свое име. Тој јазик се вика МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“.

На социјалните мрежи се јави и македонскиот конзул во Перт, Австралија Зоран Ќосески:

„Господине амбасадоре Жбогар, би те замолил да имаш барем малку култура и почит и да кажеш како се вика тој јазик на Конески и Матевски. Нели тој јазик е признат во ОН и беше еден од службените јазици на поранешната заедничка држава. Срамота е и понижувачки да истапуваш со изјави од типот сакам да кажам не знам да речам“.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/gospodine-zhbogar-kako-slovenec-zasramete-se-jazikot-na-blazhe-koneski-e

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top