На прво место

Заев го предава македонскиот идентитет на Грција

Граѓаните му свртеа грб на Зоран Заев. Јасно му порачаа дека не сакаат ова да е последниот празник во кој што гордо ќе го изговараат името Република Македонија. Тие му ставија до знаење дека сакаат името Македонија да им го остават и на идните поколенија. Затоа не му дојдоа на лицемерната прослава пред Владата чие име планира да го менува. Зоран Заев е најодговорен за тажната слика од празната прослава на најсветлиот ден од поновата македонска историја, денот на независноста, денот на сувереноста, денот на Република Македонија.

Граѓаните ја испратија пораката, Зоран Заев не е достоинствен да организира прослава за 8 септември додека ги продава придобивките од тој ден! Исто како и со журките за договорот, народот му го сврте грбот на Заев и не верува во неговите лаги.

Почитувани, со договорот се брише македонскиот идентитет. Со договорот Грција на меѓународен план сака Македонија сама да го редефинира Македонецот.

Во првиот дел на текстот под „Д“ се вели Терминот Македонија и Македонец го имаат значењето дадено во Член 7 од овој Договор. Што е тоа ако не редефинирање или дефинирање на еден народ според диктат на друга држава?

Договорот прави разлика меѓу Македонците. Уште поважно, Македонците од двете страни на границата стануваат два неповрзани народа. Оние преку границата ќе имаат едни македонски атрибути, различни од Македонците во Република Македонија. Македонците од двете страни на границата ќе имаат две различни истории, култура, и наследство.

Заев прифаќа да го промени институционалниот идентитет, а тоа значи можност граѓанинот институционално да се идентификува како Македонец, Заев ја остава на Грција. Во Република Македонија Заев ќе гради нов идентитет. Дали сега е појасно што значи овој договор и зошто Заев и свитата лажат дека го зачувале и зајакнале идентитетот?

Во делот за признавање на јазикот. Заев во договорот вели службениот јазик и другите атрибути на „втората страна“ а се мисли на Македонија- не се поврзани со античката грчка цивилизација, историја, култура и наследство на северниот регион на Првата страна. Оттука, сите македонски дејци и творци кои потекнуваат од егејскит дел, се оставаат на Грција, а се отвора можност тие да бидат избришани од сите историски учебници и помагала во училиштата и воопшто литературата во Република Македонија, со оценка дека може да предизвикуваат иредентизам и ревизионизам. Па во тоа бришење, од македонската историја и литература, да биде избришан и кодификаторот на македонскиот литературен јазик и правопис, Крсте Петков Мисирков, роден во 1874 година во селото Постол, Ениџе-Вардарско.

Почитувани, Македонскиот јазик е признаен во светот, каде што и се изучува на светските универзитети. Тоа што Грција не може да го прифати е нејзина работа. Притоа. Потсетуваме дека под притисок на меѓународната заедница, тогашната Лига на народи, во Грција 1925 година е издаден АБЕЦЕДАР- буквар на македонски јазик за македонското малцинство во Грција, кој за брзо е забранет. Истиот АБЕЦЕДАР, повторно под силен притисок, беше реиздаден во 2006 година. Вистината е дека договорот на Заев само ја зацврснува грчката позиција. Особено што Грција не е потписник на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, на која прво се повикува договорот.

Почитувани, Заев има многу прашања кои мора да ги одговори на граѓаните на Република Македонија, оваа кампања за креирање на вештачка нација на Република Северна Македонија не е вистинската. Наместо одговори, Заев тера видео- журнали од пропаднати журки за европски вредности.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top