На прво место

Ексклузивно: Новата Преамбула на Република Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ексклузивно: Новата Преамбула на Република Северна Македонија

магазин.мк дојде до предлог текстот на новата Преамбула на новиот Устав на Република Северна Македонија во која се потврдува сомнежот дека се негира постоењето на Македонската нација во историскиот континуитет.

Според текстот од новата Преамбула, која веќе има одобрение за имплементирање и кај Грција но и од Владата на СДСМ и ДУИ, се брише во целост историскиот осврт на Македонската борба за независна и самостојна држава, како и државотворните, фундаментални одлуки на АСНОМ.

Во новата Преамбула на Република Северна Македонија, државата ја сочинуваат Македонскиот и Албанскиот народ како рамноправни, а се брише и сувереноста додека се додава концептот на граѓанска и демократска држава.

Имено ова е содржината на актуелната Преамбула на Уставот на Република Македонија:

Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Македонија.

Новиот текст на идната Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија ќе гласи:

Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање граѓанска и демократска држава, одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и антифашистичката Народно ослободителна борба, како и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, граѓанска држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Северна Македонија.

Според предлог текстот на анексот 1 од Спогодбата со Грција, од преамбулата на новиот устав на Република Северна Македонија се брише АСНОМ.

Меморандумот со кој во јануари 1993 година, тогашниот грчки министер за надворешни работи Папаконстантину упатува писмо до генералниот секретар на ООН во кое бара да се одбие барањето на Република Македонија за прием во ООН, бидејќи се работи за држава која е основана со одлуките на АСНОМ, а кои одлуки грчката држава во континуитет ги оспорува и негира.

Имено досегашниот текст “во согласност со … одлуките на АСНОМ” би се сменил и би гласел “во согласност со антифашистичката Народно-ослободителна борба”, со што за прв пат државно-правните одлуки на АСНОМ, кои се темел на македонската држава, ќе бидат изоставени.

Со ваквата измена се поништува уставно-правниот континуитет на Република Македонија и се влегува во период на една новосоздадена држава Република Северна Македонија, која има некаква традиција, борби, движења и историски настани, но нема свој правно-државен континуитет на кој може да се повика.

Овој грчки предлог за бришењее на АСНОМ од преамбулата на Уставот бил прифатен од страна на премиерот Заев и министерот Димитров, по силно инсистирање на грчката страна, која пак останала доследна на своите барања од 1993 година.

Имено, доколку внимателно се следи грчката дипломатија ќе се забележи дека во Јануари 1993 година тогашниот грчки министер за надворешни работи Папаконстантину упатува писмо до генералниот секретар на ООН во кое бара да се одбие барањето на Република Македонија за прием во ООН, бидејќи се работи за држава која е основана со одлуките на АСНОМ, а кои одлуки грчката држава во континуитет ги оспорува и негира.

Како и да е, доколку од преамбулата се избришат одлуките на АСНОМ, тоа ќе биде најсилниот антимакедонски удар кој од втората светска војна наваму и бил зададен на Република Македонија, а особено што таквиот потег директно ги разнишува уставно-правните темели на државата Република Македонија како правен субјект.

https://www.magazin.mk/%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BA%D0%BB%D1%83%D0%B7

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top